Одржан првиот дел од конференцијата за вмрежување и прекугранична соработка во рамките на проектот “Шанса за тебе” “Opportunity 4 you”

Денес се одржа првиот дел од конференцијата за вмрежување и прекугранична соработка во рамките на проектот “Шанса за тебе” “Opportunity 4 you” На отворањето на конференцијата поздравни говори имаа: Директорот на ЦРСПР г-дин Јане Мицевски,г-ѓа Андријана Богдановска извршен директор на СКМ,г-ѓа Драгана Белензада,директор на Центар за Развој на Јабланичко-Пчињски Регион, како и градоначалниците од пограничниот регион г-дин Борче Митевски,претседател на советот на ЦРСПР и градоначалник на Општина Петровец и градоначалникот на општина Власотинце г-дин Братислав Петрович. Во вториот дел од седијата беше презентиран проектот “Opportunity 4 you” и наодите од студијата за преку гранична мобилност на работната сила. Првиот работен ден од конференцијата заврши со потпишување на “протокол са соработка” и “заложба за развој на заедницата” кои беа потпишани од градоначалниците од пограничниот регион,претставници од коморите,бизнис секторот,неформалното образование и граѓанскиот сектор. Во текот на утрешниот ден конференцијата ќе продолжи со работен дел и панел дискусија во два форума.

Потпишан договор за рехабилитација на улица Александар Урдаревски

Денеска во просториите на ЦРСПР,Директорот Г-дин Јане Мицевски заедно со Градоначалниците на Општина Бутел Г-дин Дарко Костовски и Општина Чучер Сандево Г-дин Сашко Комненовиќ, потпишаа договор за реализација на проект рехабилитација на улица Александар Урдаревски II-фаза. Средствата за овој проект се обезбедени од БРР и МЛС заедно со општините кофинансиери Бутел,Шуто Оризари и Чучер Сандево.

Придружете ни се на конференцијата „Поддршка на прекуграничната соработка: Србија и Северна Македонија“.

Придружете ни се на конференцијата  „Поддршка на прекуграничната соработка: Србија и Северна Македонија“.Конференцијата е значаен дводневен настан, чекор во насока на подобрување на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија. Истата е организирана во рамки на проектот „Шанса за Тебе“, финансиран од ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија и земјите учеснички.

Конференцијата е единствена можност за единиците на локалната самоуправа, малите и средни претпријатија, образовните институции, претприемачките работилници, земјоделски фарми, бизнисите во сопственост или управуваните жени, граѓанските организации и граѓанскитездруженија од прекуграничната област на Србија и Северна Македонија, да се запознаат, вмрежат, и соработуваат.

За време на Конференцијата ќе биде потпишан Протокол за соработка со сите заинтересирани чиннители од прекуграничниот регион. 

Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од просперитетна прекугранична заедница, каде знаењето се среќава со можностите.  Пријавувањето е отворено до 20 јануари 2024 година. 

Регистрирајте се сега и бидете дел од промената!

 Линк до повикот:

https://docs.google.com/forms/d/1KX_On5Gc7Y9QdtwIpmwj17leBNvSP-QuN-ePjPVuJYI/edit

 

Линк до Протоколот за соработка:

https://www.sansazatebe.info/images/Opportunity4You/Documents/Protocol_of_Collaboration_EN_MK.pdf

Потпишан Договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“. За Општина Кисела Вода..

Денеска директорот на Центар за Развој на Скопски Плански Регион Г-дин Јане Мицевски, заедно со Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски,потпишаа договор за реализација на проект “Фотоволтаици,енергетска ефикасност,заштита на човековата околина” . Средствата за овој проект се обезбедени од Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа,заедно со општина Кисела Вода која кофинансира дел од средствата.

Потпишан Договорот за заедничка реализација на проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човековата околина“. За Општина Карпош.

Денеска директорот на Центар за Развој на Скопски Плански Регион Г-дин Јане Мицевски, заедно со Градоначалникот на Општина Карпош Стефче Јакимовски, потпишаа договор за реализација на проект “Фотоволтаици,енергетска ефикасност,заштита на човековата околина” . Средствата за овој проект се обезбедени од Биро за регионален развој и Министерство за локална самоуправа,заедно со општина Карпош која кофинансира дел од средствата. Станува збор за изработка на проект и инсталација на фотонапонски систем до 20 kW со монтирање на фотонапонски модули на покривот на училиштата и нивно поврзување во системот. Имено, основните училишта „Владо Тасевски“ и „Војдан Чернодрински“ преку поставените фотоволтаици ќе произведуваат струја за сопствени потреби, а според проценките на стручните лица се претпоставува дека овие училишни установи ќе ги намалат сметките за електрична енергија околу 50%.  

Потпишан договор за заедничка реализација на проектот ,,Изработка на техничка документација за Стар Качанички пат’’

Денес директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, г-дин Јане Мицевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Дарко Костовски потпишаа Договор за заедничка реализација на проектот ,,Изработка на техничка документација за Стар Качанички пат’’. Средствата за реализација на овој проект се обезбедени од страна на Биро за рамномерен регионален развој – Министерство за локална самоуправа , со дополнително кофинансирање од страна на Општина Бутел. Изработката на техничката документација за реконструкција на Стар Качанички пат е од исклучителна важност за Општина Бутел и Општина Чучер Сандево. Исклучителната важност првенствено произлегува од фактот дека реконструкцијата на овој пат директно придонесува за севкупниот развој на Економската зона Визбегово, која се простира на подрачјето на општините Бутел и Чучер Сандево. Имајќи ги во предвид последните податоци кои укажуваат на огромно значење на Економската зона Визбегово како за сите погранични општини, има значење и за целокупната економија во државата. Со овој проект ќе се промовира регионалната соработка и заедничките активности во областа на туризмот, ќе се овозможи социјални, здравствени и образовни услуги од регионално значење (пензионерски домови, социјални установи, згрижување на ранливи групи, здравствени установи, средни училишта, универзитети, регионални културни и други видови на центри и др.) . Исто така ќе се овозможат економски услуги од регионално значење (регионални технолошки паркови или инкубатори, регионални бизнис и други видови на центри, регионални пазари, откупни центри и др.) .

Потпишан договор за реализација на проект „Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на археолошки локалитет “Градиште” во селото Таор.

Центарот за развој на Скопски плански регион, предводен од директорот Јане Мицевски, гордо ја отпочна годината со потпишување на Договор за заедничка реализација со градоначалникот на општина Зелениково, Коста Маневски, за проект од огромен регионален, но и национален значај. Станува збор за ревитализација, промоција и облагородување на родното место на византискиот император светиот цар Јустинијан I : „Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно
уредување со улично осветлување на археолошки локалитет “Градиште” во селото Таор.
Проектот e повеќезначаен, со афирмативен, развоен и туристички импакт, врз основа на сочувувaњето на белегот и коренот на големиот градител, законодавец и верник кој за наша среќа е родум од ова наше исконско тло.
Се надеваме на успешна и плодна соработка, но најмногу на можноста да придонесеме во достоинствено и светски рептезентативно место, онакво какво што заслужува оваа културно -цивилизациска ризница.

На денешната XVI седница на Советот за регионален развој на Скопски плански регион, беше едногласно изгласана Одлука за примопредавање на проектот ” Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден

На денешната VI седница на Советот за регионален развој на Скопски плански регион, беше едногласно изгласана Одлука за примопредавање на проектот ” Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден кој има регионален карактер и е клучен за инфраструктурната фрекфентност во тој дел од регионот. По седницата, рехабилитираниот пат, беше процедурално преотстапен на терен во присуство на градоначалникот на Општина Илинден која е носител на проектот, Г-дин Александар Георгиевски. Партнери во проектот се општините Гази Баба и Петровец, а корисници се граѓаните на 3-те општини и пошироко, целиот плански

Одржана XVI – тата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Денеска во новата општинска зграда на Општина Петровец беше одржана XVI –  тата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион со која за прв пат заседаваше Претседателот на Совет Г-дин Борче Митевски. На седницата беше изгласана приоритетната листа на регионалните проекти, произлезени од овогодинешниот форумски циклус  на регионални форуми на заедницата, за финансирање од страна  МЛС и БРР,  во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза II. На седницата, исто  беше одобрен финансискиот план на ЦРСПР за 2024 г., беше презентиран Акциониот план за сегашни и идни проекти, и беше преотстапен проектот “Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден” чиј главен партнер е Општина Илинден во копартнерство со општините Петровец и Гази Баба. Во претпразнично расположение, ЦРСПР им посака на присутните плодна година со квалитетни проекти.

ГОДИШНА ПЛАНИРАЧКА И ЕВАЛУИРАЧКА РАБОТИЛНИЦА 2023

Годишната работилница одржана во Охрод на 14 и15 декември, се реализаше за евалуација на проектот “Одржлив и Инклузивен Рамномерен Регионален Развој ” – фаза II, финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија во РСМ /СДЦ и Владата на РСМ, а имплементиран од страна на Министерство за локална самоуправа. Крајот на годината навестува нови планови и визии за следната година и секако отчетност за работата за оваа година. На оваа 2 дневна работилница центрите ја покажаа својата работа и продуктивност преку презентации за реализираните проекти, во насока на регионалниот развој. Во работен амбиент и низ дискусија за идната ефикасност и прогресивност, евалуацијата заврши корисно, зачинета со размена на вкусови, искуства, практики и мотивирачки квиз како загревање пред одличната забава која ги сплоти сите заедно, во одлично расположение, за нови сили во нови предизвици. Центарот за развој на Скопски плански регион како еден од 8 -те центри покажа дека освен што посветено работи, соработува и препознава можности, е одличен тимски играч на полето на развојот, што беше препознаено и одлично поздравено од присутните по презентацијата на директорот Јане Мицевски, кој покажа дека одлично се вклопува во менаџирањето на регионалните политики и целосно е посветен на реализација на мисијата на ЦРСПР. На вториот ден од работилницата, Г-ѓа Розета Арсовска, раководител на одделение за рамномерен регионален развој во Центарот за развој на Скопскиот регион го презентираше проектот Приказната продолжива кој финасиски е подржан од МЛС, Швајцарска агенција за соработка и општината Ѓорче Петров. Во претпразнично расположение, Ви испраќаме убава еуфорија, од зимската идила на студениот, но секогаш убав Охрид