Денес се одржа првиот дел од конференцијата за вмрежување и прекугранична соработка во рамките на проектот “Шанса за тебе” “Opportunity 4 you” На отворањето на конференцијата поздравни говори имаа:
Директорот на ЦРСПР г-дин Јане Мицевски,г-ѓа Андријана Богдановска извршен директор на СКМ,г-ѓа Драгана Белензада,директор на Центар за Развој на Јабланичко-Пчињски Регион, како и градоначалниците од пограничниот регион г-дин Борче Митевски,претседател на советот на ЦРСПР и градоначалник на Општина Петровец и градоначалникот на општина Власотинце г-дин Братислав Петрович.
Во вториот дел од седијата беше презентиран проектот “Opportunity 4 you” и наодите од студијата за преку гранична мобилност на работната сила.
Првиот работен ден од конференцијата заврши со потпишување на “протокол са соработка” и “заложба за развој на заедницата” кои беа потпишани од градоначалниците од пограничниот регион,претставници од коморите,бизнис секторот,неформалното образование и граѓанскиот сектор. Во текот на утрешниот ден конференцијата ќе продолжи со работен дел и панел дискусија во два форума.
Потпишан договор за рехабилитација на улица Александар Урдаревски
Придружете ни се на конференцијата „Поддршка на прекуграничната соработка: Србија и Северна Македонија“.
Придружете ни се на конференцијата „Поддршка на прекуграничната соработка: Србија и Северна Македонија“.Конференцијата е значаен дводневен настан, чекор во насока на подобрување на прекуграничната соработка меѓу Србија и Северна Македонија. Истата е организирана во рамки на проектот „Шанса за Тебе“, финансиран од ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија и земјите учеснички.
Конференцијата е единствена можност за единиците на локалната самоуправа, малите и средни претпријатија, образовните институции, претприемачките работилници, земјоделски фарми, бизнисите во сопственост или управуваните жени, граѓанските организации и граѓанскитездруженија од прекуграничната област на Србија и Северна Македонија, да се запознаат, вмрежат, и соработуваат.
За време на Конференцијата ќе биде потпишан Протокол за соработка со сите заинтересирани чиннители од прекуграничниот регион.
Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од просперитетна прекугранична заедница, каде знаењето се среќава со можностите. Пријавувањето е отворено до 20 јануари 2024 година.
Регистрирајте се сега и бидете дел од промената!
Линк до повикот:
https://docs.google.com/forms/d/1KX_On5Gc7Y9QdtwIpmwj17leBNvSP-QuN-ePjPVuJYI/edit
Линк до Протоколот за соработка:
https://www.sansazatebe.info/images/Opportunity4You/Documents/Protocol_of_Collaboration_EN_MK.pdf