Центар за развој на Скопски плански регион објави повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија

Центар за развој на Скопски плански регион објави  повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија. Повикот со  целокупната документација е објавен тука

AWARD Criteria (002)

PART A INFORMATION FOR THE TENDERER _Podobrena tenderska dokumentacija _REV 1

PART B Tender form tech offer SERVICE (002)

PART C Financial offer SERVICE (002)

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА ПОНУА

Плакета за успех во развојот на туризмот на Центарот за развој на Скопски плански регион

Министерството за економија, во чест на светскиот ден на туризмот ја продолжи традицијата да ги наградува чинителите кои даваат импакт во развојот на туристичкиот процес. Денеска, современото патување е повеќе од дестинација, тоа е систем од услуги, мрежа од индустрии кои се надополнуваат, прв впечаток и гостопримство од сите чинители кои треба да го направат незаборавно, препорачано и повторливо. Денес тоа станува  глобално движење кое има моќ и инклузивен развој, создава работни места и гради одржливи општества, култивира разлики кои се диверзитет, богатсво, ги отвора визиите, ги шири светогледите и ја јакне свеста за заштитата на природните и културните наследства. Под мотото, „врз регистарот од минатото, ја градиме иднината, создавајќи културни, уметнички, традиционални, индустриски, економски… мостови“, со иновативност, отвореност и закајнати човечки капацитети во новите предизвици.

Благодарност за наградата и препознавањето на важноста на регионалните центри за развој, како клучна алка во вмрежувањето и развојните процеси во туризмот.

 


 

Завршена обука во Јапонија на тема Развој на човечки ресурси за креирање на туристички дестинации за одржлив туризам

Центарот за развој на Скопски плански регион, континуирано го зајакнува својот тим со нови знаења. Секогаш иновативни и креативни, по примерот на пријателска Јапонија, преку билатралната соработка, донесовме уште една одлична програма за развојот на туризмот.

Овојпат Координаторот за рамномерен регионален развој Регина Икономовска се врати со два сертификата: Еден од “Japan International Cooperation Agency” (JICA) и едen од “Pacific Resource Exchange Center” (PREC) за обуката “Развој на човечки ресурси за креирање на туристички дестинации за одржлив туризам”

Очекуваме интеграција на новите модели кои во светот се “клуч на успехот” во развојните планови.

 

 

Приказната продолжува

Центарот за развој на Скопски плански регион, го имплементира проектот “Приказната продолжува“, кој финансиски е поддржан од Швајцарската Агенција за развој Министерството за локална самоуправа како и општината Ѓорче Петров.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 23.574.074,00 МКД.
Проектот “Приказната продолжува“ претставува реконструкција и адаптација на поранешно основно училиште во нов регионален Центар за рехабилитација за деца по лекување од малигни забаолувања.
Основнто училиште во село Кучково е избрано за локација на Центар за рехабилитација поради својата местоположба, односно се наоѓа во руралното подрачје на 600 метри надморска височина и изоболува со зеленило, беспрекорна природа и чист воздух.

Целта на овој рехабилитационен Регионален Центар е, на децата да им се овозможи психолошки, образовни и медицинско-физички услуги, како и поддршка која ќе допринесе по лекување на малигните заболувања полесно и побрзо да можат да се вклучат во социо-културниот и образовниот живот.
Со помош на стручни медицински лица ќе им се обезбеди поддршка на децата за развивање на самодовербата и подготовка за повторно враќање во тековните активности. Во Центарот ќе се спроведуваат разни работилници, едукативни игри и предавања кои ќе му помогнат на детето да ја надомести пропуштената едукација во училиштето. Дворното место ќе биде уредено и опремено со игралишта за спорт и останати активности во природа кои со комбинирани физички вежби ќе допринесат за подобрување на физичката кондиција и здравјето на децата.
Исто така, во центарот ќе се развиваат и имплементаираат и програми за поддршка на родителите преку учење на нов здрав начин на исхрана, изучување вештини за препознавање на психо-социјалните проблеми кај децата, што значи целосен пренос на техники кои родителите ќе ги применуваат во охрабрување на своите деца за враќање во тековен живот без товар на болеста.
Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на децата на школска возраст по лекување од малигни заболувања, не само од територија на градот Скопје туку и од целата држава.

Камен-темелник на детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец

Центар за развој на Скопски Плански Регион продолжува со активности кои допринесуваат за регионален  развој, особено за најмладите членови во заедницата. Денес, во Општина Петровец беше ставен камен – темелник на “Детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец со сензорна соба”. Во оваа градинка ќе се згрижуваат деца од 1-5 годишна возраст од Општина Петровец, но и од другите соседни населени места од: Општина Зелениково, Општина Илинден како и од населените места на Општина Гази Баба. Во првата фаза на проектот, во рамките на градинката ќе се опреми и сензорна соба наменета за деца со попреченост во развојот.
Вредноста на проектот изнесува 10.143.602,00 мкд со ддв, со средства кои се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој преку Програмата на Владата за рамномерен регионален развој на планските региони и кофинансирање од Општина Петровец.

   

Справувањето со еколошката катастрофа која го демне градот Скопје и пошироко Скопскиот регион

Денес во просториите на Општина Аеродром се одржа вонредна седница на Скопскиот плански регион, на која градоначалниците преку јавна дискусија се произнесоа со конструктивни предлог –решенија, со цел да помогнат во справувањето со еколошката катастрофа која го демне градот Скопје и пошироко Скопскиот регион.  На седницата се апелираше до надлежните институции кои имаат ингеренции да управуваат со отпадот со законски акт, да превземат итни мерки и да дејствуваат со активности расчистувајќи го градот, над кој демне здравствен ризик од ширење на зарази, но пред се да се одважат со самосвест и етика кон состојбите кои не трпат политички и било каков реваншизам и зал ожнишво, во кој најголема жртва се граѓаните.  Со надеж дека разумот ќе надвладее и дека предложените решенија ќе се испочитуваат за општото добро на сите, очекуваме седницата да биде продуктивна, а грдата слика, или кошмарот со сметот, никогаш повеќе да не се повтори. Аплеираме

Ново противпожарно возило за општина Зелениково

ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО ПРЕСРЕТ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ НАБАВИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО

Центарот за развој на Скопски плански регион, продложува со реализација на приоритетните проекти кое се во насока на навремена и ефективна превенција и заштита на регионалните подрачја, овојпат обезбедувајќи противпожарно возило за Општина Зелениково, една од најзелените и најбујните, атрактивна со туристички содржини, историски корени и голем развоен потенцијал.

За да се овозможи добра промоција на највредното што го имаме, во случајов родното место на императорот Јустинијан I, оазата на штрковите, Таорската клисура, импресивниот природен диверзитет, Катлановското блато, старите цркви, профаното и сакралното наслество и најскапоценото – животот на мештаните, првиот чекор е на сите начини, да го заштитиме.

Оттука произлезе приоритетниот проект за набавка на Противпожарно возило, финансиран од Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион, а ко- финансиер е Општина Зелениково, која се повеќе расне и се развива од живописно место и во атрактивно зона за инсвестиција и живеење.

Горди сме на одличната соработка со општината која е партнер во набавката на возилото и финансиски придонесе за да се овозможи најдобриот избор.

Се надеваме дека новиот „јунак“ FUSO CANTER 9C18DUONIC, вреден 7.161.066,00 МКД (со ДДВ), ќе ја чува и ќе и служи сосе сите намени на општината, а доколку дојде до пожари кои најмногу посакуваме да ги нема, тука е и доброволното противпожарно здружение „Зелениково“ чии членови поседуваат, знаења и вештини за справување, како и обука за користење на ваков тип на современо противпожарно возило.

Центар за развој на Скопски плански регионот, секогаш посветен на потребите на граѓаните и општините, со фокус за балансиран прогрес, квалитетен живот и посигурна иднина.

Дванаесеттата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Центар за развој на Скопски плански регион, денес ја одржа дванаесеттата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На денешната седница се спроведе избор на нов директор на Центар за развој на Скопски плански регион, поради истекот на мандатот на В.Д Директорката Розета Арсовска. Советот за развој на Скопскиот плански регион, со мнозинство гласови за нов директор го избра Јане Мицевски, со мандат од четири години.
Дополнително на седницата беше донесена одлука за одобрување на ЦРСПР да аплицира на вториот повик на “Фондот за техничка документација на УНДП” и беше пренесена информација во врска со регионалното управување со отпад во Скопскиот плански регион.

Одржана XI (единаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

На денешната XI (единаесетта) седница  на Советот за развој на Скопски плански регион, членовите на советот донесоа одлуки по точките: Годишен Извештај за реализација на Програма за развој на Скопски плански регион за 2022 година, Извештај за финансиското работење за 2022 година, Завршна сметка за 2022 година.

На покана на центарот, г-ѓа Андријана Бодановска Ѓ. проект менаџер на проектот ,,ШАНСА ЗА ВАС’’ имаше можност да изврши презентанција на проектот Opportunity4you – ИПА програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија.

Иницијативата „ОТВОРЕН БАЛКАН“, започната во 2022 годинаовозможувапрекугранична мобилност на работната сила и го проширува пристапот до големи пазари за претпријатијата кои работат во прекуграничната областа на Северна Македонија и Србија.

Тоа е можност која може да придонесе за понатамошно економско зајакнување на земјите, а особено ќе ги фаворизира руралните региони и општини во прекуграничната област. Овие општини се соочуваат со континурана висока стапка на невработенот, истакна г-ѓа Андријана.