Центар за развој на Скопски Плански Регион продолжува со активности кои допринесуваат за регионален развој, особено за најмладите членови во заедницата. Денес, во Општина Петровец беше ставен камен – темелник на “Детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец со сензорна соба”. Во оваа градинка ќе се згрижуваат деца од 1-5 годишна возраст од Општина Петровец, но и од другите соседни населени места од: Општина Зелениково, Општина Илинден како и од населените места на Општина Гази Баба. Во првата фаза на проектот, во рамките на градинката ќе се опреми и сензорна соба наменета за деца со попреченост во развојот.
Вредноста на проектот изнесува 10.143.602,00 мкд со ддв, со средства кои се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој преку Програмата на Владата за рамномерен регионален развој на планските региони и кофинансирање од Општина Петровец.
No comment yet, add your voice below!