Промовиран новиот Дневен Центар за лица со телесна и интелектуална попреченост

 Денеска директорот на Центарот за развој на Скопски Плански регион г-дин Јане Мицевски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски,го промовираа новиот Дневен Центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, кој отсега е „новата стреа“ која ќе овозможи едукативна, здравствена, социјална и семејна атмосфера, преку обезбедување на услови и програма за заеднички активности на корисниците, како и прилагодени индивидуални програми. Проектот согласно на развојната програма и регионалниот карактер, ќе обезбеди поголема социјална кохезија меѓу општините, ќе го стимулира развојот на човечкиот капитал кој одговара на потребите на пазарот на трудот и ќе ја подобри здравствената и социјалната заштита како и условите за престој во образовните институции за лицата со посебни потреби. 

Промовиран новиот Дневен Центар за лица со телесна и интелектуална попреченост

Денеска директорот на Центарот за развој на Скопски Плански регион г-дин Јане Мицевски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски,го промовираа новиот Дневен Центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, кој отсега е „новата стреа“ која ќе овозможи едукативна, здравствена, социјална и семејна атмосфера, преку обезбедување на услови и програма за заеднички активности на корисниците, како и прилагодени индивидуални програми. Проектот согласно на развојната програма и регионалниот карактер, ќе обезбеди поголема социјална кохезија меѓу општините, ќе го стимулира развојот на човечкиот капитал кој одговара на потребите на пазарот на трудот и ќе ја подобри здравствената и социјалната заштита како и условите за престој во образовните институции за лицата со посебни потреби.     

Центар за развој на Скопски плански регион, денес ја одржа четиринаесетта седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

На денешната седница се усвоија следните одлуки: -Одлука за примопредавање на Општина Гази Баба на објект “Изградба на дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост” -Одлука за примопредавање на Општина Центар за проект”Отварањена центар за работа со талентирани ученици од основните училишта Центар,Карпош и Кисела Вода” -Одлука за примопредавање на проект “Набавка на противпожарно возило за Општина Зелениково” -Одлука за примопредавање на објект “Изградба на Дом на културата” за Општина Сопиште.  

Потпишан договор помеѓу Министерство за локална самоуправа и Центар за развој на Скопски плански регион

Директорот на Скопски плански регион  г-дин Јане Мицевски,заедно со останатите директори од осумте центри за развој на планските региони со Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов потпиша договор за финансиска поддршка за работењето во тековната година.

Свечено отворање на Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во општините Центар, Кисела Вода и Карпош.

Свечено отворање на Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во општините Центар, Кисела Вода и Карпош.

Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на проектот денес беше дел од свеченото отворање на центарот за работа со талентирани ученици од основните училишта во општините Центар, Кисела Вода и Карпош, кое се наоѓа во ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Проектот е спроведен преку програмата за рамномерен регионален развој 2021 година на Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа. Реализирани се три фази и тоа:проектна документацијач реконструкција на објектот, набавена е стока за опрема на кабинети со вкупна вредност од 5.526.318 мкд. Партнери во проектот се општините Центар, Кисела Вода и Карпош чии талентирани ученици понатаму че имаат можност да го користат истиот. Опремени се кабинети по неколку наставни предмети како: биологија, хемија, уметност, музичко, физика и информатика со висококвалитетна опрема и канцелариски материјали.

Центар за развој на Скопски плански регион објави повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија

Центар за развој на Скопски плански регион објави  повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија. Повикот со  целокупната документација е објавен тука

AWARD Criteria (002)

PART A INFORMATION FOR THE TENDERER _Podobrena tenderska dokumentacija _REV 1

PART B Tender form tech offer SERVICE (002)

PART C Financial offer SERVICE (002)

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВА НА ПОНУА

Плакета за успех во развојот на туризмот на Центарот за развој на Скопски плански регион

Министерството за економија, во чест на светскиот ден на туризмот ја продолжи традицијата да ги наградува чинителите кои даваат импакт во развојот на туристичкиот процес. Денеска, современото патување е повеќе од дестинација, тоа е систем од услуги, мрежа од индустрии кои се надополнуваат, прв впечаток и гостопримство од сите чинители кои треба да го направат незаборавно, препорачано и повторливо. Денес тоа станува  глобално движење кое има моќ и инклузивен развој, создава работни места и гради одржливи општества, култивира разлики кои се диверзитет, богатсво, ги отвора визиите, ги шири светогледите и ја јакне свеста за заштитата на природните и културните наследства. Под мотото, „врз регистарот од минатото, ја градиме иднината, создавајќи културни, уметнички, традиционални, индустриски, економски… мостови“, со иновативност, отвореност и закајнати човечки капацитети во новите предизвици.

Благодарност за наградата и препознавањето на важноста на регионалните центри за развој, како клучна алка во вмрежувањето и развојните процеси во туризмот.

 


 

Завршена обука во Јапонија на тема Развој на човечки ресурси за креирање на туристички дестинации за одржлив туризам

Центарот за развој на Скопски плански регион, континуирано го зајакнува својот тим со нови знаења. Секогаш иновативни и креативни, по примерот на пријателска Јапонија, преку билатралната соработка, донесовме уште една одлична програма за развојот на туризмот.

Овојпат Координаторот за рамномерен регионален развој Регина Икономовска се врати со два сертификата: Еден од “Japan International Cooperation Agency” (JICA) и едen од “Pacific Resource Exchange Center” (PREC) за обуката “Развој на човечки ресурси за креирање на туристички дестинации за одржлив туризам”

Очекуваме интеграција на новите модели кои во светот се “клуч на успехот” во развојните планови.

 

 

Приказната продолжува

Центарот за развој на Скопски плански регион, го имплементира проектот “Приказната продолжува“, кој финансиски е поддржан од Швајцарската Агенција за развој Министерството за локална самоуправа како и општината Ѓорче Петров.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 23.574.074,00 МКД.
Проектот “Приказната продолжува“ претставува реконструкција и адаптација на поранешно основно училиште во нов регионален Центар за рехабилитација за деца по лекување од малигни забаолувања.
Основнто училиште во село Кучково е избрано за локација на Центар за рехабилитација поради својата местоположба, односно се наоѓа во руралното подрачје на 600 метри надморска височина и изоболува со зеленило, беспрекорна природа и чист воздух.

Целта на овој рехабилитационен Регионален Центар е, на децата да им се овозможи психолошки, образовни и медицинско-физички услуги, како и поддршка која ќе допринесе по лекување на малигните заболувања полесно и побрзо да можат да се вклучат во социо-културниот и образовниот живот.
Со помош на стручни медицински лица ќе им се обезбеди поддршка на децата за развивање на самодовербата и подготовка за повторно враќање во тековните активности. Во Центарот ќе се спроведуваат разни работилници, едукативни игри и предавања кои ќе му помогнат на детето да ја надомести пропуштената едукација во училиштето. Дворното место ќе биде уредено и опремено со игралишта за спорт и останати активности во природа кои со комбинирани физички вежби ќе допринесат за подобрување на физичката кондиција и здравјето на децата.
Исто така, во центарот ќе се развиваат и имплементаираат и програми за поддршка на родителите преку учење на нов здрав начин на исхрана, изучување вештини за препознавање на психо-социјалните проблеми кај децата, што значи целосен пренос на техники кои родителите ќе ги применуваат во охрабрување на своите деца за враќање во тековен живот без товар на болеста.
Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на живот на децата на школска возраст по лекување од малигни заболувања, не само од територија на градот Скопје туку и од целата држава.

Камен-темелник на детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец

Центар за развој на Скопски Плански Регион продолжува со активности кои допринесуваат за регионален  развој, особено за најмладите членови во заедницата. Денес, во Општина Петровец беше ставен камен – темелник на “Детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец со сензорна соба”. Во оваа градинка ќе се згрижуваат деца од 1-5 годишна возраст од Општина Петровец, но и од другите соседни населени места од: Општина Зелениково, Општина Илинден како и од населените места на Општина Гази Баба. Во првата фаза на проектот, во рамките на градинката ќе се опреми и сензорна соба наменета за деца со попреченост во развојот.
Вредноста на проектот изнесува 10.143.602,00 мкд со ддв, со средства кои се обезбедени преку Бирото за рамномерен регионален развој преку Програмата на Владата за рамномерен регионален развој на планските региони и кофинансирање од Општина Петровец.