Реализирани проекти

27/12/2015

Изработка на Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски Предел”. Вредноста на Договорот изнесува 718.900,00 ден без вклучен ДДВ. Проектот е кофинансиран од страна на општина Петровец

Резултати: Изработена Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски предел. Преку изработената студија се изврши истовремено дефинирање на новите граници на заштитеното подрачје, кое значително се разликува од претходните граници. Преку проектните активности, за време на изработката на студијата, беа одржани координативно средби со сите заинтересирани […]
14/05/2015

Реализирани проекти на Центар за развој на Скопски плански регион за период 2009-2017 год 

Име на проект Место на реализација на проектот Моментална состојба на проекот (завршен проект, во тек…)   Реализирани проекти во 2011година 1 Реконструкција на локален пат Драчево- мотел Китка (1.100 м должина-Фаза 1) Општини Студеничани и  Кисела Вода завршен проект   Реализирани проекти во 2012година 2 Имплементација на проектот “Изработка […]
12/07/2012

WEB ГИС Апликација за подршка на стратешко планирање во Скопски плански регион и следење на достигнувањата при реализација на стратешки цели

Тендерска постапка е почната во октомври, 2011 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Проектот се реализира на ниво на Скопски плански регион, а партнери на проектот е Град Скопје и општините: Илинден, Арачиново и Чучер Сандево.
27/04/2012

Градежни работи за реконструкција на локален пат „Драчево-мотел Китка“

Имплементиран во Јуни 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа,Биро за регионален развој. Партнер општини: Студеничани, Кисела Вода и Зелениково.
26/04/2012

Jавен форум на тема „Развој на туризмот во Скопски плански регион”

Во просториите на Скопски саем (Дипломатик сала) на ден 24.04.2012год (среда) во 12:30 часот се одржа јавен форум  на тема ,,Развојот на туризмот во Скопски плански регион”. На одржаниот јавен форум учествуваа членовите на Проекниот одбор, претставници од општините( ЛЕР сектор), претставници од Туристички сојузи,  претставниците од Развојната Агенција Козјанско, […]
23/02/2012

Изработка на техничка документација – инфраструктурен проект за изградба на локален пат Александар Урдаревски ,,Б”

Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Инфраструктурен проект во должина од 2,5 км, како и Елаборат за оценка на влијание на животна средина. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Шуто Оризари и Бутел.
23/02/2012

Изработка на проектна документација за ревитализација на Главен канал во ХМС „Скопско поле

Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Основен проект за Главен канал и канал Азмак од Горна зона, Геодетски елаборат со снимање ситуација на терен и обележување на Главен канал од Горна зона, како и Геодетски елаборат за нумерички податоци. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. Проектот е финансиран од […]
23/02/2012

Изработка на инфраструктурен проект (на ниво на основен) за изведба на нов паралелен водовод на веќе постоечки азбестен цевковод од Цементарница Усје до Драчево

Изработката на техничката документација опфаќа изработка на: Основен проект во должина од 7 км, како и изработка на Елаборат за нумерички податоци. Време на имплементација: јануари-март, 2012 година. Проектот е финансиран од страна на Министерство за локална самоуправа, Биро за регионален развој. Партнер општини: Зелениково и Кисела Вода.
23/02/2012

Студија за мапирање на инвестициските потенцијали во Скопскиот плански регион

Проектот „Студија за мапирање на инвестициски потенцијал во Скопски плански регион”  има за цел да ги мапира инвестициските потенцијали во Скопскиот регион, а со тоа ќе се овозможи подобро позиционирање на регионот кај домашни и странски инвеститори. Проектот финансиски е подржан од Владата на Р.Македонија, Министерство за локална самоуправа согласно […]