Skip to content

Изработка на Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски Предел”. Вредноста на Договорот изнесува 718.900,00 ден без вклучен ДДВ. Проектот е кофинансиран од страна на општина Петровец

ДАТУМ

декември 27, 2015

Категории

Резултати: Изработена Студија за ревалоризација на природните вредности на споменикот на природата Катлановски предел. Преку изработената студија се изврши истовремено дефинирање на новите граници на заштитеното подрачје, кое значително се разликува од претходните граници.
Преку проектните активности, за време на изработката на студијата, беа одржани координативно средби со сите заинтересирани страни како: претставници од општина Петровец, постечки концесионери на територијата на општината, претставници од Министерство за економија, како и Министерство за животна средина.
Исто така се одржа и јавна презентација и расправа по однос на предлог изработената студија, на која имаше и претставници од МЛС и БРР исто така.
Изработената студија е доставена до Министерство за животна средина, со цел спроведување на понатамошен процес за прогласување на ново заштитено подрачје на територијата на Катлановски предел согласно Законот на заштита на природата (Сл. Весник на Р.М. бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11 и 148/11).
Финалната студија е завршена на 31.10.2014 год. Рокот на имплементација на проектот изнесуваше 6 месеци (заради опфатот на 3 годишни времиња кои беа предмет на истражување).

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy