ГОДИШНА ПЛАНИРАЧКА И ЕВАЛУИРАЧКА РАБОТИЛНИЦА 2023

Годишната работилница одржана во Охрод на 14 и15 декември, се реализаше за евалуација на проектот “Одржлив и Инклузивен Рамномерен Регионален Развој ” – фаза II, финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија во РСМ /СДЦ и Владата на РСМ, а имплементиран од страна на Министерство за локална самоуправа. Крајот на годината навестува нови планови и визии за следната година и секако отчетност за работата за оваа година. На оваа 2 дневна работилница центрите ја покажаа својата работа и продуктивност преку презентации за реализираните проекти, во насока на регионалниот развој. Во работен амбиент и низ дискусија за идната ефикасност и прогресивност, евалуацијата заврши корисно, зачинета со размена на вкусови, искуства, практики и мотивирачки квиз како загревање пред одличната забава која ги сплоти сите заедно, во одлично расположение, за нови сили во нови предизвици. Центарот за развој на Скопски плански регион како еден од 8 -те центри покажа дека освен што посветено работи, соработува и препознава можности, е одличен тимски играч на полето на развојот, што беше препознаено и одлично поздравено од присутните по презентацијата на директорот Јане Мицевски, кој покажа дека одлично се вклопува во менаџирањето на регионалните политики и целосно е посветен на реализација на мисијата на ЦРСПР. На вториот ден од работилницата, Г-ѓа Розета Арсовска, раководител на одделение за рамномерен регионален развој во Центарот за развој на Скопскиот регион го презентираше проектот Приказната продолжива кој финасиски е подржан од МЛС, Швајцарска агенција за соработка и општината Ѓорче Петров. Во претпразнично расположение, Ви испраќаме убава еуфорија, од зимската идила на студениот, но секогаш убав Охрид  

Центар за развој на Скопски плански регион објави повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија

Центар за развој на Скопски плански регион објави  повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија. Повикот со  целокупната документација е објавен тука:

INFORMATION FOR THE TENDERER

AWARD Criteria (002)

PART B Tender form tech offer SERVICE (002)

PART C Financial offer SERVICE (002)

 

Центарот за Развој на Скопски плански регион, на 5 декември, успешно ја реализираше и втората форумска сесија од регионалните форуми на заедницата во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“.

Центарот за Развој на Скопски плански регион, на 5 декември, успешно ја реализираше и втората форумска сесија од регионалните форуми на заедницата во рамки на проектот  „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“. На Форумската сесија се обрати новиот претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Г-дин Борче Митевски, Градоначалник на Општина Петровец, кој порача енергичен и продуктивен континуитет од проекти во кој со заеднички сили ќе се обезбедуваат средства од различни финансиски извори. На форумот, беа презентирани 8 –те предложени проекти од општините, кои на крајот во услови на демократско гласање беа бодувани и подредени согласно бројот на бодовите на приоритетна листа. Посакуваме успешна реализација на идните проекти во 2024/25 година, со кои согласно мисијата на Центарот на развој на Скопски плански регион ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Одржана 15-тата седница на Советот на Центарот за Развој на Скопски Плански Регион

Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Александар Георгиевски, воедно и Градоначалник на Општина Илинден,  ја одржа 15-тата седница, на која се презентираа предлог проектните решенија од страна на назначениот експерт за Кост бенефит анализа,  кои произлегоа од првата сесија на Граѓанскиот форум на заедницата. На седницата присутните градоначалници и претставници од општините, имаа можност да ја добијат основната анализа за идните проекти кои во изборниот демократски процес понатаму се предмет на приоретизација. На седницата, една од точките на дневниот ред беше и изгласувањето на новиот Претседател на Совет за развој на Скопски плански регион, а честа едногласно ја доби Г- дин Борче Митевски, Градоначалник на Општина Петровец. Центарот за развој на СПР, и останатите присутни на седницата му ја честитаат новата, заслужена титула, Претседател на Советот за развој.

Потпишани договори за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2023 година

Денеска директорот на Центар за Развој на Скопски плански Регион Г-дин Јане Мицевски, заедно со 55 градоначалници од Македонија, директорите на планските региони,министерот за локална самоуправа Г-дин Ристо Пенов и вицепремиерот за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи потпишаа договори за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2023 година.

Центар за Развој на Скопски Плански Регион оваа година обезбеди вкупно 30.460,200 денари.

Oдлуки за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2023 година

Денеска директорот на Центар за Развој на Скопски плански Регион Г-дин Јане Мицевски, заедно со 55 градоначалници од Македонија, директорите на планските региони,министерот за локална самоуправа Г-дин Ристо Пенов и вицепремиерот за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи потпишаа одлуки за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2023 година. Центар за Развој на Скопски Плански Регион оваа година обезбеди вкупно 30.460,200 денари.

Регионални форуми на заедницата -2 фаза

Почитувани,

По повод овогодинешната реализација на претстојните „Регионални форуми на заедницата“, во рамки на проектот  „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“,

Ве покануваме на втора форумска сесија.

 

pablisher pokana втор форум 05.12

Потпишан договорот за проектот”Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за отпад со компостара”која ќе ги опфати општините,Центар,Гази Баба и Илинден.

Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион Г-дин Јане Мицевски, денес го потпиша договорот за проектот ”Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за отпад со компостара ”која ќе ги опфати општините, Центар, Гази Баба и Илинден. На настанот присутни на потпишување на договорот беа министерот за локална самоуправа Г-дин Ристо Пенов, Г-дин Армен Григорјан постојан претставник на УНДП, Г-дин Рамиз Реџепи директор на Бирото за Регионален Развој, Г-дин Микаел Атерхог раководител на развој на соработка на Шведска, градоначалници на општини и директори на центри за регионален развој (добитници на грантови) Покрај главната цел на настанот, во оваа прилика се дискутираше и за планираните идни активности во рамките на Фондот за техничка документација. Посебен осврт се даде на плановите за негово институционализирање како постојан механизам за финансиска и техничка поддршка на локалните самоуправи во подготовката на висококвалитетна техничка документација и целокупното управување со градежни проекти во општински контекст.

Прва форумска сесија по повод овогодинешната реализација на”Регионални форуми на заедницата”

Денеска во просториите на Стопанска комора, Центарот за развој на Скопски Плански регион ја одржа првата форумска сесија по повод овогодинешната реализација на”Регионални форуми на заедницата”, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој-2 фаза”.

На форумот се обрати директорот на Центарот за развој на Скопски Плански регион г-дин Јане Мицевски кој ја образложи важноста на овој демократски начин на избор на развојни проекти согласно програмата на Скопскиот Плански регион.

На форумот имаше сеопфатен аудиториум вклучувајќи ги сите сектори:

Граѓанскиот, бизнис секторот, невладини организации, претставници од општините, надлежните институции, месните заедници, Стопанските комори и заинтересирани граѓани.

Од четирите приоритетни области беа приотизирани следните две нај приоритетни области:

1.Подобрена конкурентност преку поттукнување и развој на мали и средни претпријатија,индустрии и модерна инфраструктура, и

2.Подобрен квалитет на животната средина.

Првата форумска сесија помина продуктивно, со 12 предлог идеи, кои понатаму ќе се презентираат на седница на совет и од кој ќе произлезат нај квалитетните идни проекти.

 

Регионални форуми на заедницата

Почитувани,

 

По повод овогодинешната реализација на претстојните „Регионални форуми на заедницата“, во рамки на проектот  „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“, Ве покануваме на првата форумска сесија.

 

Во прилог превземете ги Поканата за форумот и Агендата која го содржи дневниот ред.

 

Покана за регионални форумиАгенда

Агенда-1