Годишната работилница одржана во Охрод на 14 и15 декември, се реализаше за евалуација на проектот “Одржлив и Инклузивен Рамномерен Регионален Развој ” – фаза II, финансиски поддржан од Амбасадата на Швајцарија во РСМ /СДЦ и Владата на РСМ, а имплементиран од страна на Министерство за локална самоуправа.
Крајот на годината навестува нови планови и визии за следната година и секако отчетност за работата за оваа година. На оваа 2 дневна работилница центрите ја покажаа својата работа и продуктивност преку презентации за реализираните проекти, во насока на регионалниот развој. Во работен амбиент и низ дискусија за идната ефикасност и прогресивност, евалуацијата заврши корисно, зачинета со размена на вкусови, искуства, практики и мотивирачки квиз како загревање пред одличната забава која ги сплоти сите заедно, во одлично расположение, за нови сили во нови предизвици.
Центарот за развој на Скопски плански регион како еден од 8 -те центри покажа дека освен што посветено работи, соработува и препознава можности, е одличен тимски играч на полето на развојот, што беше препознаено и одлично поздравено од присутните по презентацијата на директорот Јане Мицевски, кој покажа дека одлично се вклопува во менаџирањето на регионалните политики и целосно е посветен на реализација на мисијата на ЦРСПР.
На вториот ден од работилницата, Г-ѓа Розета Арсовска, раководител на одделение за рамномерен регионален развој во Центарот за развој на Скопскиот регион го презентираше проектот Приказната продолжива кој финасиски е подржан од МЛС, Швајцарска агенција за соработка и општината Ѓорче Петров.
Во претпразнично расположение, Ви испраќаме убава еуфорија, од зимската идила на студениот, но секогаш убав Охрид
Центар за развој на Скопски плански регион објави повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија
Центар за развој на Скопски плански регион објави повик за прибирање на понуди во рамките на проектот “Opportunity 4 you “од програмата ИПА за прекугранична соработка со Р.Србија. Повикот со целокупната документација е објавен тука:
PART B Tender form tech offer SERVICE (002)
PART C Financial offer SERVICE (002)
Центарот за Развој на Скопски плански регион, на 5 декември, успешно ја реализираше и втората форумска сесија од регионалните форуми на заедницата во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“.
Одржана 15-тата седница на Советот на Центарот за Развој на Скопски Плански Регион
Потпишани договори за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2023 година
Oдлуки за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2023 година
Регионални форуми на заедницата -2 фаза
Почитувани,
По повод овогодинешната реализација на претстојните „Регионални форуми на заедницата“, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“,
Ве покануваме на втора форумска сесија.