Денеска беше одржана XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион, на која едногласно беа изгласани петте точки од дневниот ред, чиј фокус беше отчетноста на работата на Центарот за развој на Скопски плански регион за изминатата година. На седницата беше одобрен Годишниот Извештај за сите проекти, вклучително со финансовиот извештај како и завршните сметки за проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза на спроведување, како и завршните сметки за проектите „Шанса за тебе“ и „Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за собирање на отпад и компостара, финансиски поддржан од УНДП. На седницата беше одржана и презентација од страна на Раководителот на одделението за РРР Г-ѓа Розета Арсовска, која присуствуваше на 4 дневна студиска посета во Брисел и Антверпен, Белгија, по повод отворање на третиот повик на INTEREG EUROPE програмата, која го воведе присутниот аудиториум во проектот и ги покани општините од Скопскиот регион да номинираат лица за претстојниот инфо ден, со цел подобро да се запознаат со квалификациите и компетенциите на апликабилните субјекти за 6 те категоризирани тематски линии.
Воедно, оваа седница беше прва одржана на новата локација на Центар за развој на Скопски плански регион, во амфитеатарот на Европски универзитет.
СКОПЈЕ МИ Е ДОМА СО ЈАНЕ МИЦЕВСКИ
Гостување на директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски во живо на В ТВ Вистинска Телевизија во емисијата СКОПЈЕ МИ Е ДОМА
на тема: развојните политики, стратегии и проекти со фокус на регионалниот развој, можностите и капацитетите на Скопскиот регион.
Во контекст на темата за предизвиците, изборот на проектите, јакнењето на човечките капацитети и туризмот, во разговорот беше вклучена и Г-ѓа Регина Икономовска, Координатор за регионален развој при ЦРСПР, како и Г-ѓа Гордана Јанакиевска долгогодишен туризмолог и ентузијаст во афирмацијата на туризмот, која се надоврза со аспект на туристичкиот развој во регионот.
Центарот за развој на Скопски плански регион изразува благодарност и дава поддршка за изборот на темите за развој чии главни актери се планските региони кои преку ваквите медиумите, чиј интерес е домашниот регионален развој стануваат поблиски и попристапни до граѓаните.
EU4M студиска посета на Брисел и Антверпен
ПРОЕКТОТ „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ СО ОДЛИЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА 4 ДНЕВЕН БУТ КАМП ЗА КАРИЕРЕН РАСТ: УЧЕЊЕ, СВЕЖ ПРИСТАП, ПРЕДИЗВИЦИ, ВИЗИИ И ДРУГАРУВАЊЕ
Одржана XVII (седумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион
Успешно спроведена уште една TAIEX
Гостување на директорот на Центар за Скопски Плански Регион Г-дин Јане Мицевски за МРТВ 1
ОТВОРЕН ПОВИК
Почитувани,
Со задоволство Ве известуваме за предстојниот Буткамп за Раст во рамки на проектот ,,ШАНСА ЗА ТЕБЕ’’, наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија кој ќе се оддржи од 23-26 февруари во прекуграничниот регион.
Настанот го организира Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичко – Пчинскиот округ, и Општина Власотинце.
Главната цел на овој камп е да ги поддржи младите од прекуграничниот регион на Северна Македонија во развивањето на нивните работни и претприемачки вештини, како и да им помогне во препознавањето на можностите за професионален и кариерен раст.
Проектот, кофинансиран од ЕУ, е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Северна Македонија, Центарот за развој на скопскиот плански регион – Северна Македонија, Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа Лесковац, Србија, и Општина Власотинце, Србија. Нашиот фокус е на зајакнување на механизмите за поддршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во пограничниот регион помеѓу Србија и Северна Македонија . Со воведување иновативни пристапи и поттикнување прекугранични партнерства, ние имаме за цел да ја зголемиме вработливоста и мобилноста на работната сила, зголемувајќи ги капацитетите и компетенциите на двата сектора во програмите за вработување.
Условите за учество се следни:
1) Возраст меѓу 16-29 години;
2) Жител на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровец, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане и Ранковце.
Учеството е бесплатно за сите избрани учесници, а буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.
Рокот за регистрација е до 21ви февруари, 2024 година.
Регистрацијата за учесниците е на следниот линк:
За повеќе информации и регистрација, Ве молиме контактирајте го Центарот за управување со знаење:
Лице за контакт: Андријана Богдановска Ѓ.
Моб тел.: +389 78 30 15 40
Е-пошта: info@knowledge-center.org
Организаторот го задржува правото на промена на датумот доколку околностите го бараат истото.