Успешно спроведена уште една TAIEX Работилница “Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“
Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР) од 20-22 февруари 2024 г. во соработка со ЕУ TAIEX инструментот за техничка поддршка за локалните власти, ја спроведе работилницата “ Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“.
На отварањето на работилницта поздравни говории имаа: г-ѓа Елизабета Буова од Секратаријатот за Европски рашања, г-от Карл Џачинти од Делегацијата на Европсат Унија во Скопје, г-от Стефан Андоновски заменик министер од Министерството за Информатиќко општество и администрација и диреторот на Центарот г-от Јане Мицевски.
“Од излагањата на меѓународните експерти видовме (Онаа што научивме на оваа работилница е) дека дигиталната трансформација е тековен процес кој, за да успее, не треба само примена на напредни и иновативни дигитални решенија туку бара посветеност, ресурси и соработка на сите чинители“- изјави г-ѓа Розета Арсовска Раководител на одделенито за регионален развој при ЦРСПР.
Работилницата ја спроведоа реномираните меѓународни експерти, г-от Александар Томулиќ и г-от Зоран Цетињанин ,од Република Хрватска и г-от Петер Гершич од Република Словенија, а своја презентација имаше и домашниот панелист г-ѓа Ана Мазнева Каранфиловска.
45 претставници од општините од Скопскиот плански регион, претставници од министерствата и граѓанските здруженија ќе имаат можност да се запознаат со ЕУ регулативата, да разменат искуства за дигиталната трансформација и да се запознаат со користење на современи технологии во локалните заедници преку практични примери на дигитални решенија што ќе бидат споделени од страна на меѓународните експерти и домашните панелисти на работилниата.
No comment yet, add your voice below!