Skip to content

ВМРЕЖУВАЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ – „OPPORTUNITY4YOU’

ДАТУМ

јануари 25, 2024

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион – ЦРСПР, управуван од директорот Јане Мицевски беше домаќин на дводневна Вмрежувачка Конференција во Скопје, која резултираше со одличен импакт на зададените цели, да ги вмрежи сите чинители во подобрувањето на  регионална клима за вработливост и мобилност во прекуграничниот регион Македонија – Србија. Прекуграничната конференција за вмрежување и соработка на јавниот и приватниот сектор овозможи студиозна јавна дискусија, вклучувајќи ги сите надлежни институции и сектори: јавниот, приватниот, образовниот, бизнис секторот, како и општините од Скопскиот и Североисточниот регион од страна на нашата земја и Јабланичко Пчињскиот регион и општината Власотинце од страна на пријателска Србија. Сите овие засегнати страни, со особен интерес и бројно присуство на градоначалниците од обата региона, јавно придонесоа со своите аспекти, програми и мерки кои се предмет на синхронизација и подобрување на прекуграничните можности за вработување, преку моделите, искуствата и препораките за мотивација и задржување, пред се на дефицитарната кадрова сила. Настанот покажа дека е потребно да се преиспита состојбата, да се обрне поголемо внимание на моменталните трендови на „берзата“ на трудот со акцент на сегашното и идното профилирање на младите, но и на продуктивните и возрасните кадри, кои постојано имаат потреба од зајакнување и надградба, преку ревидирање на квалификациите и современа верификација на искуствата, вештините и знаењата. Конференцијата освен што овозможи преиспитување и соочување со проблемите и предизвиците во системот, пред се овозможи промоција на  механизмите за подршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во прекуграничата област преку Презентација на наодите од Студијата за прекуграничната мобилност на работна сила. Концептот на конференцијата ја опфати и темата за регионалната иницијатива Отворен балкан,  која претставува засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал и услуги. Конференцијата е една од клучните активности од проектот ШАНСА ЗА ТЕБЕ, финансиран од Европската Унија, во рамка на ИПА II Програмата за прекугранична саработка на Србија и Северна Македонија, кој е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Скопје, во својство на носител и Центарот за развој на Скопскиот плански регион, како партнери од Македонија и Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ, Лесковац, и Општина Власотинце, како партнери од Србија. Проектот Шанса за тебе“, се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел подршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и зголемување на капацитите и компетенциите на јавниот и приватниот сектор за спроведување на програмата за вработување. Дводневната Конференцијата беше конципирана во воведен ден со: поздравен говор, промоција на проектот преку презентација на резултатите од компаративната студија, како и потпишување на „Протокол за соработка“ и „Заложба за развој на заедницата“ од страна на коморите, претставниците на бизнис секторот, образованието,  невладините организации и градоначалниците од регионалните општини. Вториот ден, резултираше со плодна дискусија конципирана во два форума, од кои на првиот со тема „Зголемена вработливост, нови економски перспективи и соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, учествуваа 8 панел говорници од сите засегнати институции и сектори.  Говореа,  Горан Ѓеоргиевски, Претседател на Агро-бизнис комора;  Виолета Стојановиќ, Раководител на сектор за активни мерки и програми од Агенција за вработување;  Маја Крстевска, Раководител на одделение од Центар за образование на возрасни; Самоил Малчевски, Професор од Едукативен центар за претприемништво, Славјански Универзитет;  Оливер Андреевски, Координатор за комуникации од Национален младински совет,  Македонка Димитровскa, Професорка при Американ Колеџ и Жена Претприемач со успешна бизнис приказна; Весна Ристова, Он-лајн консултант и ментор за женско претприемништво од дигиталната плетформа „ОснаЖена“ и Агрон Фазлији, Претседател на Националната Занаетчиска Комора. На втората форумска сесија за темата „Можности и модалитети во идните прекугранични соработки во прекуграничната област Р.С.Македонија и Србија“ говореа клучните претставници на проектот: Андријана Богдановска, Извршен Директор на Центарот за управување со знаење; Драгана Белензада, Директор на Центарот за развој на Јабланичко Пчињскиот округ – ЦРЈПО;  Горан Миленковиќ, Раководител на проект за рурален развој и земјоделство и Координатор во Проектот „Шанса за тебе“ од ЦРЈПО; Регина Икономовска, Координатор за регионален развој во пограничниот регион во проектот „Шанса за тебе“  од ЦРСПР и Ирина Тростјанска – Координатор за обуки и јабвни набавки во проектот, од ЦРСПР.  Завршниот збор, со осврт на проектот и благодарност за соработката и учеството, како и за интересот и големиот одзив на присутните, го даде директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски во својство на домаќин на конференцијата, која отвори многу прашања и иницијативи за иднини мостови на соработка меѓу Србија и Македонија, втемелени на носечките индустрии, чии клетки се токму профилите на кадровата сила за чија подобра иднина, една од базите е и овој конструктивен проект.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy