Изработка на Акционен план за имплементација на Програмата за развој на Скопскиот плански регион

Градоначалниците од Скопскиот плански регион заеднички ги дефинираа приоритетните проекти за имплементација на Програмата за развој на Скопскиот плански регион за периодот 2010-1012 на работната средба која се одржа во периодот 16-17 април, 2010, во Охрид, хотел Милениум палас.

Отворена канцеларијата на скопскиот плански регион

Во организација на Советот за развој на скопскиот плански регион и УСАИД Проектот за Локален – економски развој МЛГА, Градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски, како претседател на Скопскиот плански регион, ја отвори канцеларијата на Центарот за развој на скопскиот плански регион.
Канцеларијата ќе претставува логистичка точка, преку која целиот скопски регион ќе ги имплементира своите развојни стратегии, акциони програми и проектни решенија.
На отварањето присуствуваа Градоначалниците на Скопските општини и на Скопскиот регион, како и Градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски.
По официјалното отварање, следуваше седницата на Советот за развој на Скопскиот плански регион на која се презентираа резултатите за проценка на општествените вредности во Скопскиот регион и Нацрт – верзијата на Програмата за развој на Скопскиот плански регион.\
(Превземено од веб страницата на Општина Гази Баба)

The Office of the Skopje region has been opened

In the organization of the Council for Development of the Skopje region and USAID Local – MLGA Economic Development, the Mayor of the Gazi Baba municipality, Mr. Tony Trajkovski,  as a president of the Skopje region, opened the Office of the Centre for Development of the Skopje region.
The office will be a logistical point through which the Skopje region will implement their development strategies, action programs and project solutions.
The opening was attended by mayors of municipalities in Skopje and the Skopje region, as well as the Mayor of Skopje Mr. Koce Trajanovski.
After the official opening, followed by a session of the Council for Development Planning in the Skopje region, which results were presented for evaluation of social values ​​in the Skopje region and the draft – the version of program development planning at the Skopje region.
(Taken from the website of the Municipality of Gazi Baba)

Memorandum for coperation with region Gorenjska R. Slovenija

On 28th of January 2010, Mr. Toni Trajkovski, President of the Council of the Skopej region, Mr. Damijan Perne, President of the Council of the Gorenjska region, R.Slovenija, as well as the Director of the Agency for development of the Gorenjska region, Mr. Bogo Filipich and Executive director of the Center for development of the Skopje region, Ms. Aneta Lozanovska, with their signatures confirmed the Memorandum for cooperation between the two regions and Centers for development.
Cooperation between the Gorenjska and Skopje region, as well as between Regional development agency of Gorenjska – BSC Kranj and newly formed Center for development of the Skopje region, was established.

During the period 27-29 January 2010, a delegation led by President of the Council of the Skopje region accompanied by 10 mayors from the Skopje region , Executive Director of the Center for Development of the Skopje region and several representatives from other institutions paid official visit to the Gorenjska region and Agency for development of gorenjska region. During their visit many institutions and business objects have been visited and concrete effects from the implemented projects financed by EU funds were point up.
In the framework of the visit a meeting was held with the leader of the Sava Kranj Holding, Group. Mr. Janez Bohorich, who is the Honorable Consul of Republic of Macedonia in Republic of Slovenia, also there were a meetings with the mayors of Bled and Radoljica municipality, and deputy-mayor of Jesenice.
During the stay a visit was paid to one of the most up-to-date landfills for solid waste in the region and beyond, with finalized technological system (sorting, selection) in Celje, Savinjski region. In Celje a visit was paid and to water purification station which services the needs of the city.
With the project “Technical assistance to the Center for Development of the Skopje region and exchange of knowledge for preparation and implementation of regional projects and EU projects” partners from the Gorenjska region will help the newly formed Center for development of the Skopje region to establish an effective and efficient working plan.
Among the other things, part of this cooperation will be transfer of knowledge and experience of BSC Regional Agency for preparation and inclusion at regional, local and EU projects as well to the other instruments for support (Norwegian financial mechanism, Swiss aid) which are supporting local but also and regional development.
Than would follow the project activities base on the principle of adaptation through action regarding the preparation and implementation of projects in the area of: Technological and economic development, human resources, rural development (project LEADER), utility infrastructure, water supply, waste, tourism, energy efficiency and use of renewable energy, sustainable development etc.

Меморандум за соработка со регионот Горењска Р.Словенија

На 28 Јануари 2010г., г. Тони Трајковски, претседателот на Советот на Скопскиот плански регион, г. Дамијан Перне, претседател на Советот на Горењска регионот,Р.Словенија како и директорот на Агенцијата за развој на Горењска регионот, г. Бого Филипич и раководителот на Центарот за развој на скопскиот плански регион, г-ца Анета Лозаноска, своерачно го потврдија Меморандумот за соработка меѓу двата региони и Центри за развој.
Воспоставена е соработка помеѓу регионот на Горењска и Скопскиот регион, како и помеѓу Регионалната развојна агенција на Горењска – BSC Крањ и новоформираниот Центар за развој на Скопската регија.
Во периодот од 27 – 29 Јануари, 2010 г., делегација предводена од претседателот на Советот на Скопскиот плански регион во придружба на 10 градоначалници од Скопскиот плански регион, раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, и неколку претставници од други институции, остварија официјална посета на регионот Горењска и Агенцијата за развој на Горењска регионот. Во рамките на посетата беа посетени многу институции и деловни субјекти, како и погледнати конкретните ефекти од реализираните проекти преку фондовите на ЕУ.
Во рамките на посетата беше остварена средба и со првиот човек на групацијата Сава Крањ, г. Јанез Бохорич, кој е почесен конзул на Република Македонија во Република Словенија, како и со градоначалниците на општините Блед и Радољица, и заменик градоначалникот на Јесенице.
За време на престојот, се посети и една од најмодерните депонии за цврст отпад во регионот и пошироко, со заокружен технолошки систем (сортирница, компостара, балирање, селекција итн.) во Цеље, Савињски регион. Во Цеље се посети и пречистителна станица која ги сервисира потребите на градот.
Со проектот „Техничка помош на Центарот за развој на Скопската регија и размена на знаења на подрачјето на подготовка и имплементација на регионални развојни програми и ЕУ проекти“, партнерите од регионот Горењска ќе му помагаат на нововоспоставениот Центар за развој на Скопскиот плански регион за воспоставување на ефикасно и ефективно делување на Центарот.
Меѓудругото дел од оваа соработка ќе биде пренос на богатото знаење и искуство на BSC Регионалната агенција (како и на нивните вработени) при подготовката и вклучувањето во регионални, локални и ЕУ проекти како и на други инструменти на помош (норвешки финансиски механизам, швајцарската помош) кои го помагаат локалниот но и регионалниот развој.
Потоа би следеле проектни активности на принципот приспособување преку делување на тема подготовка и имплементација на проекти од подрачјето на: Технолошки и економски развој, Развој на човечки ресурси, Рурален развој (проект LEADER), комунална инфраструктура, водоснабдување, отпад, Туризам, Енергетска ефикасност и употреба на обновливите извори на енергија, Одржлив развој итн.

Средба со Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање

На 26 октомви 2009 година во општина Гевгелија во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа средба помеѓу Заменик Министерот за Животна средина и просторно планирање Г-а Соња Лепиткова со градоначалниците членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и раководните лица од Јавните комунални претпријатија од Југоисточниот плански регион.
На оваа средба се разговараше за идните планови на овој регион во врска со изградбата Регионалната депонија – Доброшинци.
Како гостин на средбата беше и д-р Миран Медвед експерт за отпад од Словенија. Г-а Лепиткова на присутните им ја образложи идејата за можните начини за финансирање и изградба на депонијата. Заедно со Г-н Медвед поставија задачи пред градоначалниците кои треба да се одговорат, а се со цел побрзо решавање на проблемот и побрза изградба на депонијата. Бидејќи еден од начините на финансирање со ИПА средства, изградбата на депонијата треба да се случи за неколку години, градоначалниците заклучија дека изградбата во Југоисточниот плански регион ќе биде преку концесија или јавно приватно партнерство. Г-а Лепиткова рече дека овој регион како еден од најразвиените региони во републиката ја има целата подршка од владата и истата ќе помогне во реализација на овој значаен проект не само за регионот туку и за целата држава.

Конференција – Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија

На 12 јуни 2009 година во Скопје (Хотел Александар Палас) се одржа Конференција: Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија“.
Конференцијата беше заеднички организирана од Германското друштво за техничка соработка – ГТЗ, Здружението на правници на Македонија и Регионалните центри за развој на Источниот, Југоисточниот и Полошкиот регион.
<Целта на конференцијата, во присуство на  повеќе од 100 жени од различни сектори, беше размена на искуства и презентација на успешни примери од процесот на правна и економска реформа, при што се нагласи потребата за зајакнување на улогата на жената во македонското општество.
Презентери на конференцијата беа претставници од владините институции, бизнис заедницата, универзитетите и невладините организации.
Конференцијата со своите поздравни говори ја отворија:

  • Г-а. Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на Република Македонија
  • Г-а. Улрике Мариа Кнотц, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија
  • Г-а. Вибке Отенбрајт, заменик Директор на ГТЗ за Република Македонија

За националната правна рамка за полови еднакви можности како и за клаузула за недискриминација зборуваа:

  • Г-а. Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европска обука „Како го постигнува тоа Европската унија “ 
  • Г-а. Савка Тодоровска, Национален совет на жени на Република Македонија – СОЖМ  “Фактичката сoстојба на жената во Македонија

За улогата на жената во економско-правната реформа збор земаа:

  • Г-а. Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија „Судиите и јавните обвинители жени гаранти на независноста и непристрасноста на постапката“
  • Г-а. Маријана Лончар-Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Република Македонија   Улогата на жената во основањето и функционирањето на Организацијата на потрошувачи на Македонија
  • Г-а. Лилјана Цековска, Извршен директор на Здружението на правници на Македонија  “Жената во бизнисот-реалност и потреба
  • Проф. д-р Маре Зарезанкова-Потевска, ФОН Универзитет  “Македонската жена и претприемништвото 

На крај од оваа конференција беа покажани неколку успешни примери на жени претприемачи во Република Македонија. Овие позитивни примери треба да послужат како инспирација за сегашната и идната голема улога на жената во економијата на Република Македонија:

  • Г-а . Мимоза ТачиSun and star”,Тетово – „Мисли позитивно“
  • Г-а. Дивна Иванова, индивидуален зeмјоделец „Дивна“, Кочани – „Со македонска јагода до европските трпеза“
  • Г-а. Ленче Литајковска – сопственик на КОБРА телевизија, Радовиш – „Верувам во ангелот“
  • Г-а. Сузана Наумоска, дооел спа „Изида“, Охрид, „Креативноста отвара свет на неограничени можности“
  • Г-а. Олга Илоска, менаџер и главен координатор на АД Инекс Горица, Охрид „Секој голем успех триумф на упорноста“

Учесници на конференцијата беа претставници од владините институции, граѓанскиот сектор, судството, бизнис заедницата, општините и универзитетите.

Промовиран Центарот за развој на Југоисточниот планнски регион

Во четврток, на 30 април 2009 година, во хотелот „ Тивериопол“ – Струмица, свечено беше извршена промоција на формирањето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица.
Југоисточниот плански регион го преставуваат 10-те Општини: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Дојран, Гевгелија, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица со 188 населени места и околу 172.000 жители.
Центарот е резултат на сите напори и активности за имплементација на Законот за рамномерен регионален развој во Република Македонија, после Источниот со седиште во Штип и Полошкиот во Тетово, оваа е трет од осумте плански региони во РМ што и официјално беше означен стартот на отпочнувањето со работа и реализација на поставените цели и задача.
На промоцијата присуствуваа Министерот за локална самоуправа г-дин Муса Џафери, како и голем број на гости – преставници од Министерството за локална самоуправа, Бирот за регионален развој, градоначалници, советници од општинските овети, преставници на ГТЗ РЕД, стопнаскиот и банкарскиот секторот, НВО и здруженија на граѓани, др. гости и заинтересирани субјекти од регионот и РМ.
Поздравен говор до присутните одржа г-ѓа Жулиета Ѓуркова Раководител на Центарот, потоа на присутните им се обратија г-динот Муса Џафери министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев градоначалник на општина Струмица и воедно Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и г-дин Јенс Адлер, тим лидер на Програмата за регионален економски развој во РМ – ГТЗ РЕД.
До присутните гости Раководителот на Центарот г-ѓа Жулиета Ѓуркова истакна дека Југоисточниот плански регион е портата на Македонија за влез во Европската Унија, бидејки граничи со две нејзини членки, поради што заслужува подобра сообраќајна инфраструктура и огромна поддршка од страна на сите државни органи.
Таа им се заблагодари на сите присутни гости нарекувајќи ги идни партнери на Центарот во заедничко остварување на визијата на Југоисточниот регион, како би го направиле овој регион најуспешен во Република Македонија и пошироко.
Министерот г-дин Муса Џафери во дел од своето обраќање истакна дека, со отварање на Центрите за развој на планските региони и практично ќе се имплементира Законот за рамномерен регионален развој, а според позитивните искуства од земјите на ЕУ. Наскоро Владата треба да ја потврди Националната Стратегија за рамномерен економски развој, што ќе значи целосна подршка на планскиот развој на регионите.
Во своето обраќање кон присутните, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион г-дин Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица, со особено задоволство ја промовира визијата – Југоисточниот регион да биде посакуван регион за живеење, инвестирање и носител на сопствениот развој.
Политиката на регионалниот развој на Југоисточниот плански регион е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на региопналниот диспаритет и оставарување на рамномерен регионален и одржлив развој, како и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани во регионот.
Г-дин Јенс Адлер, тим лидер на Програмата за регионален економски развој во РМ – ГТЗ РЕД, истакна дека само со донесување на правилни и недвосмислени програми и одлуки за рамномерен регионален развој може да се постигне поставената цел.
На промоцијата беа истакнати главните приоритети на локалниот и регионалниот економски развој, особено во развојот на земјоделството, инфраструктура, животната средина, туризмот и други области од значење за одржливиот економски развој.

Општините на регионот

10 Општини од Република Македонија се дел од Југоисточниот плански регион:

Општина Богданци

Општина Босилово                              

Општина Валандово   

Општина Василево

Општина Гевгелија

Општина Дојран

Општина Конче

Општина Ново Село

Општина Радовиш

Општина Струмица

 

1.Општина Богданци

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Републиката, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.  Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково,Селемли и Ѓавото. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Површинa:                               114 км2           

Број на жители:                       8707

Населени места:                     4

Главни стопански гранки:Земјоделство; Транспорт       

Деловни субјекти:                  206

Главни приоритети на локален економски развој:

Развој на земјоделството првенствено преку остварување на капацитетите во преработка на земјоделските производи; Формирање на нови мали и средни претпријатија, искористување и реактивирање на едуцираната работна сила.

 врати се на почеток

2.Општина Босилово

Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко поле, помеѓу планините Огражден и Беласица. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои се влеваат во реката Струма во Република Бугарија. Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.

Површина:                               140 км2

Број на жители:                       14 260

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Сточарство;

Деловни субјекти:                  175

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Развој на еко туризам; Заштита на животната средина; Подршка за развој на мали и средни претпријатија.

врати се на почеток

3.Општина Валандово

Валандово е урбана општина и се наоѓа во југоиточниот дел на Република Македонија. Според апсолутната надморска височина е една од најниските во државата, со просечна надморска височина од 226 метри.Населбите се распоредени долж течението на реката Вардар, на нејзиниот лев брег, како и во подножјето на планината Плавуш. Главни компетативни предности на општината се извонредните климатски услови, поволната географска местоположба (крстопатот кон граничните премини за Р.Грција и Р. Бугарија) како и археолошките локалитети.

 

Површина:                               331 км2

Број на жители:                       11 890

Населени места:                     19

Главни стопански гранки:     Земјоделство, конфекција, конзервна индустрија (конзервирање на зеленчук)

Деловни субјекти:                  260

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на земјоделското производство; Изградба на зона за мало стопанство;

 врати се на почеток 

4.Општина Василево

Територијата на општина Василево го зафаќа средниот дел на Струмичко- Радовишката  Котлина, или северозападниот дел на Струмичко поле. Оваа општина се граничи со општините Босилово, Берово, Радовиш, тесен дел од Конче и Струмица. Главните компетативни предности на општината се можноста за развој на селски туризам, производство на здрава храна, искористување на потенцијалот на браната Турија, организирање и стопанисување на регионалната депонија во с. Доброшинци.

 

Површина:                               221 км2

Број на жители:                       12 122

Населени места:                     18

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Лозарство; Овоштарство; Сточарство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                 150

Главни приоритети за локален економски развој:

Доразвивање на индустриската зона во с.Василево; Подготовка на техничка документација за индустриски зони во другите населени места; Отварање пазар на големо за земјоделски производи; Развој на ЈП Турија во сферата на водоснабдување и прифаќање на фекалните води.

врати се на почеток

5.Општина Гевгелија

Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м . Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10. Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна "хоризонтална" врска – од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.

Површина:                               485 км2

Број на жители:             &
nbsp;        
22 988

Населени места:                     17

Главни стопански гранки: Текстилната, прехранбената индустрија, металопреработувачка,електроиндустрија, преработка на пластични маси.

Деловни субјекти:                 712

Главни приоритети за локален економски развој:

Производство на еколошка храна; Развој на туризмот (транзитен, бањски и планински); Реализација на проектот  Слободна економска зона”.

врати се на почеток

6.Општина Дојран

Општина Дојран е сместена е до самото Дојранско Езеро на крајниот југоисточен дел од Македонија на надморска височина од 146 м, непосредно до самата граница со соседна Грција. Подрачјето на општината е претежно ритчесто. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува ридот Боска со надморска височина од 720 метри и планината Беласица, а на исток се падините Планината Круша, кои многу благо се спуштаат кон езерото, при што се создаваат мошне плодни површини. Најнискиот дел од котлината е на југ, кај населбата Кара-Дојран во соседна Грција.

Површинa:                               132 км2           

Број на жители:                       3426

Населени места:                     14

Главни стопански гранки:     Туризам, Индустрија, Земјоделство

Деловни субјекти:                  74

Главни приоритети на локален економски развој:

Туризам: летен, спортски, транзитен; Локации за мали индустриски капацитети; Развој  на лозарство и раноградинарско производство.

врати се на почеток 

7.Општина Конче

Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Р.Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш.  По своите морфолошки карактристики, таа претставува одделна природна географска средина. Оваа земјоделска сточарска општина располага со три вештачки акумулации.

Површинa:                               237 км2           

Број на жители:                       3536

Населени места:                    14

Главни стопански гранки:     Земјоделство, Сточарство, Овоштарство

Деловни субјекти:                 60

Главни приоритети на локален економски развој:

Отворање нови стопански капацитети, Изградба на инфраструктура со којашто ќе има поголема комуникација на општината Конче со другите општини.

врати се на почеток 

8.Општина Ново Село

Општина Ново Село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Република Македонија. На север територијата се издига до сртот на планината Огражден, во средниот дел е широката рамнина на реката Струмица, во јужниот дел се издига до сртот на планината Беласица. Таа се граничи со општините Берово, Босилово и Струмица. Општината е единствена и се разликува од другите по тоа што е  единствена општина во РМ која граничи со две држави од ЕУ, го има највисок водопад во Република Македонија и многу други природни, историски и културни богатства.

Површинa:                            &nb
sp; 
252 км2           

Број на жители:                       11 966

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:   Земјоделство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија; Прехранбена индустрија; Градежништво, туризам и угостителство.

Деловни субјекти:                  230

Главни приоритети на локален економски развој:

Подобрување на животот на жителите, создавање на услови за побрз развој и подршка за развивање на малите и средни претпријатија.

врати се на почеток 

9.Општина Радовиш

Сместена во југоисточниот дел на републиката општина Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Главни компетативни предности на оваа општина се местоположбата, производството на здрава еколошка храна и поволните услови за развој и вложувања.  

Површинa:                               608 км2           

Број на жители:                       28 244

Населени места:                     20

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                  140

Главни приоритети на локален економски развој:

Стопански развој – капацитети; Вработување; Инфраструктура.

врати се на почеток 

10.Општина Струмица

На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција сместена е плодната Струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимента општина Струмица. Оваа општина на исток се граничи со општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со општина Василево, на Југоисток со општина Ново Село, а на југозапад со општина Валандово.

 

Површина                               322 км2

Жители                                    54 676

Населени места                     25

Главни стопански гранки:

Земјоделство и сточарство; Прехрамбена индустрија, дрвна индустрија, рударска индустрија, металопреработувачка идустрија, електроиндустрија, текстилна  индустрија (тешка и лесна конфекција).

Деловни субјекти :               6669

Главни приоритети за локален економски развој:

 Модернизација на постоечките произвотствени капацитети и отварање нови; Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Rегионален центар за заедничка понуда на раноградинарски производи; Алтернативен туризам; Бански туризам; Културен туризам; Рурален туризам.

врати се на почеток 

1.Општина Богданци

Територијата на општина Богданци зафаќа простор на крајниот јужен дел на Републиката, и тоа од левата страна на реката Вардар. Морфолошки општината во основа е рамничарска, со мошне добар бонитет на земјиштето, така што се вбројува во најдобрите аграрни простори, особено за производство на рано градинарство. Таа се граничи со општините Стар Дојран, Валандово и Гевгелија, а на поширок простор и со државната гранична линија со Грција.  Во составот на општината се вбројуваат само четири населени места, од кои Богданци е централно место и седиште на општината. Другите населби се: Стојаково,Селемли и Ѓавото. Во однос на орографските услови сите населби се рамничарски, и тоа на мала надморска височина, помала од 100 метри.

Површинa:                               114 км2           

Број на жители:                       8707

Населени места:                     4

Главни стопански гранки:Земјоделство; Транспорт       

Деловни субјекти:                  206

Главни приоритети на локален економски развој:

Развој на земјоделството првенствено преку остварување на капацитетите во преработка на земјоделските производи; Формирање на нови мали и средни претпријатија, искористување и реактивирање на едуцираната работна сила.

 

2.Општина Босилово

Општина Босилово се наоѓа во средишниот дел на плодното Струмичко поле, помеѓу планините Огражден и Беласица. Низ нејзиниот средишен дел поминува реката Струмица и реката Турија кои се влеваат во реката Струма во Република Бугарија. Таа граничи со соседните општини Василево, Ново Село и Струмица формирајќи Струмички микрорегион.

Површина:                               140 км2

Број на жители:                       14 260

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Сточарство;

Деловни субјекти:                  175

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Развој на еко туризам; Заштита на животната средина; Подршка за развој на мали и средни претпријатија.

 

3.Општина Валандово

Валандово е урбана општина и се наоѓа во југоиточниот дел на Република Македонија. Според апсолутната надморска височина е една од најниските во државата, со просечна надморска височина од 226 метри.Населбите се распоредени долж течението на реката Вардар, на нејзиниот лев брег, како и во подножјето на планината Плавуш. Главни компетативни предности на општината се извонредните климатски услови, поволната географска местоположба (крстопатот кон граничните премини за Р.Грција и Р. Бугарија) како и археолошките локалитети.

 

Површина:                               331 км2

Број на жители:                       11 890

Населени места:                     19

Главни стопански гранки:     Земјоделство, конфекција, конзервна индустрија (конзервирање на зеленчук)

Деловни субјекти:                  260

Главни приоритети за локален економски развој:

Развој на земјоделското производство; Изградба на зона за мало стопанство;

  

4.Општина Василево

Територијата на општина Василево го зафаќа средниот дел на Струмичко- Радовишката  Котлина, или северозападниот дел на Струмичко поле. Оваа општина се граничи со општините Босилово, Берово, Радовиш, тесен дел од Конче и Струмица. Главните компетативни предности на општината се можноста за развој на селски туризам, производство на здрава храна, искористување на потенцијалот на браната Турија, организирање и стопанисување на регионалната депонија во с. Доброшинци.

 

Површина:                               221 км2

Број на жители:                       12 122

Населени места:                     18

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Лозарство; Овоштарство; Сточарство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                 150

Главни приоритети за локален економски развој:

Доразвивање на индустриската зона во с.Василево; Подготовка на техничка документација за индустриски зони во другите населени места; Отварање пазар на големо за земјоделски производи; Развој на ЈП Турија во сферата на водоснабдување и прифаќање на фекалните води.

 

5.Општина Гевгелија

Општина Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Република Македонија, на самата граница со Република Грција, на надморска височина од 64 м . Низ територијата на општина Гевгелија минува примарната оска на развојот која се протега по Вардарската долина во правец север-југ и претставува дел од коридорот 10. Мошне важна е и пограничната позиција на општина Гевгелија со Република Грција, како и можностите за лоцирање на стопанските капацитети, кои бараат голем транспорт на суровини и готови производи, при што близината на Солунското пристаниште претставува значајна компаративна предност.
Поволно влијание треба да има новопредвидената идна "хоризонтална" врска - од Битола преку Мариово до Гевгелија, како сообраќаен правец кој ги поврзува источните и западните делови на Република Македонија и кој воедно ги интегрира најзначајните туристички простори.

Површина:                               485 км2

Број на жители:                       22 988

Населени места:                     17

Главни стопански гранки: Текстилната, прехранбената индустрија, металопреработувачка,електроиндустрија, преработка на пластични маси.

Деловни субјекти:                 712

Главни приоритети за локален економски развој:

Производство на еколошка храна; Развој на туризмот (транзитен, бањски и планински); Реализација на проектот  Слободна економска зона”.

 

6.Општина Дојран

Општина Дојран е сместена е до самото Дојранско Езеро на крајниот југоисточен дел од Македонија на надморска височина од 146 м, непосредно до самата граница со соседна Грција. Подрачјето на општината е претежно ритчесто. На западниот брег од езерото се наоѓа височината Калатепе со надморска височина 691 метар. На северозападниот дел благо се издигнува Асанлиско Поле, кое преку с. Николиќ се прелева во плодна котлина. На северозапад над Асанлиско Поле се издигнува ридот Боска со надморска височина од 720 метри и планината Беласица, а на исток се падините Планината Круша, кои многу благо се спуштаат кон езерото, при што се создаваат мошне плодни површини. Најнискиот дел од котлината е на југ, кај населбата Кара-Дојран во соседна Грција.

Површинa:                               132 км2           

Број на жители:                       3426

Населени места:                     14

Главни стопански гранки:     Туризам, Индустрија, Земјоделство

Деловни субјекти:                  74

Главни приоритети на локален економски развој:

Туризам: летен, спортски, транзитен; Локации за мали индустриски капацитети; Развој  на лозарство и раноградинарско производство.

 

7.Општина Конче

Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Р.Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш.  По своите морфолошки карактристики, таа претставува одделна природна географска средина. Оваа земјоделска сточарска општина располага со три вештачки акумулации.

Површинa:                               237 км2           

Број на жители:                       3536

Населени места:                    14

Главни стопански гранки:     Земјоделство, Сточарство, Овоштарство

Деловни субјекти:                 60

Главни приоритети на локален економски развој:

Отворање нови стопански капацитети, Изградба на инфраструктура со којашто ќе има поголема комуникација на општината Конче со другите општини.

 

8.Општина Ново Село

Општина Ново Село се наоѓа во крајниот југоисточен дел на Република Македонија. На север територијата се издига до сртот на планината Огражден, во средниот дел е широката рамнина на реката Струмица, во јужниот дел се издига до сртот на планината Беласица. Таа се граничи со општините Берово, Босилово и Струмица. Општината е единствена и се разликува од другите по тоа што е  единствена општина во РМ која граничи со две држави од ЕУ, го има највисок водопад во Република Македонија и многу други природни, историски и културни богатства.

Површинa:                               252 км2           

Број на жители:                       11 966

Населени места:                     16

Главни стопански гранки:   Земјоделство; Дрвна индустрија; Текстилна индустрија; Прехранбена индустрија; Градежништво, туризам и угостителство.

Деловни субјекти:                  230

Главни приоритети на локален економски развој:

Подобрување на животот на жителите, создавање на услови за побрз развој и подршка за развивање на малите и с редни претпријатија.

 

9.Општина Радовиш

Сместена во југоисточниот дел на републиката општина Радовиш го зафаќа северозападниот дел од пространата Радовишко-Струмичка котлина, односно горното сливно подрачје на реката Радовишка. Главни компетативни предности на оваа општина се местоположбата, производството на здрава еколошка храна и поволните услови за развој и вложувања. 

 

Површинa:                               608 км2           

Број на жители:                       28 244

Населени места:                     20

Главни стопански гранки:     Земјоделство; Текстилна индустрија;

Деловни субјекти:                  140

Главни приоритети на локален економски развој:

Стопански развој - капацитети; Вработување; Инфраструктура.

 

10.Општина Струмица

На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција сместена е плодната Струмичка котлина, а во нејзиниот западен дел и истоимента општина Струмица. Оваа општина на исток се граничи со општината Босилово, на запад со општината Конче, на север со општина Василево, на Југоисток со општина Ново Село, а на југозапад со општина Валандово.

 

Површина                               322 км2

Жители                                    54 676

Населени места                     25

Главни стопански гранки:

Земјоделство и сточарство; Прехрамбена индустрија, дрвна индустрија, рударска индустрија, металопреработувачка идустрија, електроиндустрија, текстилна  индустрија (тешка и лесна конфекција).

Деловни субјекти :               6669

Главни приоритети за локален економски развој:

 Модернизација на постоечките произвотствени капацитети и отварање нови; Развој на современо земјоделско производство на здрава храна; Rегионален центар за заедничка понуда на раноградинарски производи; Алтернативен туризам; Бански туризам; Културен туризам; Рурален туризам.

 

Корисни линкови:

www.zels.org.mk

www.gtzredem.com.mk

www.mls.gov.mk

www.sep.gov.mk

www.ipardpa.gov.mk

www.undp.org.mk

www.usaid.org.mk

 

Општини:

www.bogdanci.gov.mk

www.opstinabosilovo.gov.mk

www.valandovo.gov.mk

www.opstinavasilevo.gov.mk

www.gevgelija.gov.mk

www.opstinadojran.gov.mk

www.novoselo.gov.mk

www.radovis.gov.mk

www.strumica.gov.mk