Skip to content

Меморандум за соработка со регионот Горењска Р.Словенија

ДАТУМ

јануари 28, 2010

Категории

На 28 Јануари 2010г., г. Тони Трајковски, претседателот на Советот на Скопскиот плански регион, г. Дамијан Перне, претседател на Советот на Горењска регионот,Р.Словенија како и директорот на Агенцијата за развој на Горењска регионот, г. Бого Филипич и раководителот на Центарот за развој на скопскиот плански регион, г-ца Анета Лозаноска, своерачно го потврдија Меморандумот за соработка меѓу двата региони и Центри за развој.
Воспоставена е соработка помеѓу регионот на Горењска и Скопскиот регион, како и помеѓу Регионалната развојна агенција на Горењска – BSC Крањ и новоформираниот Центар за развој на Скопската регија.
Во периодот од 27 – 29 Јануари, 2010 г., делегација предводена од претседателот на Советот на Скопскиот плански регион во придружба на 10 градоначалници од Скопскиот плански регион, раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, и неколку претставници од други институции, остварија официјална посета на регионот Горењска и Агенцијата за развој на Горењска регионот. Во рамките на посетата беа посетени многу институции и деловни субјекти, како и погледнати конкретните ефекти од реализираните проекти преку фондовите на ЕУ.
Во рамките на посетата беше остварена средба и со првиот човек на групацијата Сава Крањ, г. Јанез Бохорич, кој е почесен конзул на Република Македонија во Република Словенија, како и со градоначалниците на општините Блед и Радољица, и заменик градоначалникот на Јесенице.
За време на престојот, се посети и една од најмодерните депонии за цврст отпад во регионот и пошироко, со заокружен технолошки систем (сортирница, компостара, балирање, селекција итн.) во Цеље, Савињски регион. Во Цеље се посети и пречистителна станица која ги сервисира потребите на градот.
Со проектот „Техничка помош на Центарот за развој на Скопската регија и размена на знаења на подрачјето на подготовка и имплементација на регионални развојни програми и ЕУ проекти“, партнерите од регионот Горењска ќе му помагаат на нововоспоставениот Центар за развој на Скопскиот плански регион за воспоставување на ефикасно и ефективно делување на Центарот.
Меѓудругото дел од оваа соработка ќе биде пренос на богатото знаење и искуство на BSC Регионалната агенција (како и на нивните вработени) при подготовката и вклучувањето во регионални, локални и ЕУ проекти како и на други инструменти на помош (норвешки финансиски механизам, швајцарската помош) кои го помагаат локалниот но и регионалниот развој.
Потоа би следеле проектни активности на принципот приспособување преку делување на тема подготовка и имплементација на проекти од подрачјето на: Технолошки и економски развој, Развој на човечки ресурси, Рурален развој (проект LEADER), комунална инфраструктура, водоснабдување, отпад, Туризам, Енергетска ефикасност и употреба на обновливите извори на енергија, Одржлив развој итн.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy