Skip to content

Средба со Заменик Министерот за животна средина и просторно планирање

ДАТУМ

ноември 6, 2009

Категории

На 26 октомви 2009 година во општина Гевгелија во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа средба помеѓу Заменик Министерот за Животна средина и просторно планирање Г-а Соња Лепиткова со градоначалниците членови на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и раководните лица од Јавните комунални претпријатија од Југоисточниот плански регион.
На оваа средба се разговараше за идните планови на овој регион во врска со изградбата Регионалната депонија – Доброшинци.
Како гостин на средбата беше и д-р Миран Медвед експерт за отпад од Словенија. Г-а Лепиткова на присутните им ја образложи идејата за можните начини за финансирање и изградба на депонијата. Заедно со Г-н Медвед поставија задачи пред градоначалниците кои треба да се одговорат, а се со цел побрзо решавање на проблемот и побрза изградба на депонијата. Бидејќи еден од начините на финансирање со ИПА средства, изградбата на депонијата треба да се случи за неколку години, градоначалниците заклучија дека изградбата во Југоисточниот плански регион ќе биде преку концесија или јавно приватно партнерство. Г-а Лепиткова рече дека овој регион како еден од најразвиените региони во републиката ја има целата подршка од владата и истата ќе помогне во реализација на овој значаен проект не само за регионот туку и за целата држава.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy