На 12 јуни 2009 година во Скопје (Хотел Александар Палас) се одржа Конференција: “Улогата на жената во правната и економската реформа во Македонија“.
Конференцијата беше заеднички организирана од Германското друштво за техничка соработка – ГТЗ, Здружението на правници на Македонија и Регионалните центри за развој на Источниот, Југоисточниот и Полошкиот регион.
<Целта на конференцијата, во присуство на повеќе од 100 жени од различни сектори, беше размена на искуства и презентација на успешни примери од процесот на правна и економска реформа, при што се нагласи потребата за зајакнување на улогата на жената во македонското општество.
Презентери на конференцијата беа претставници од владините институции, бизнис заедницата, универзитетите и невладините организации.
Конференцијата со своите поздравни говори ја отворија:
- Г-а. Елизабета Канческа Милевска, Министер за култура на Република Македонија
- Г-а. Улрике Мариа Кнотц, амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија
- Г-а. Вибке Отенбрајт, заменик Директор на ГТЗ за Република Македонија
За националната правна рамка за полови еднакви можности како и за клаузула за недискриминација зборуваа:
- Г-а. Лидија Димова, извршен директор на Македонскиот центар за европска обука „Како го постигнува тоа Европската унија “
- Г-а. Савка Тодоровска, Национален совет на жени на Република Македонија – СОЖМ “Фактичката сoстојба на жената во Македонија”
За улогата на жената во економско-правната реформа збор земаа:
- Г-а. Анета Арнаудовска, Директор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија „Судиите и јавните обвинители жени гаранти на независноста и непристрасноста на постапката“
- Г-а. Маријана Лончар-Велкова, Претседател на Организацијата на потрошувачи на Република Македонија “Улогата на жената во основањето и функционирањето на Организацијата на потрошувачи на Македонија”
- Г-а. Лилјана Цековска, Извршен директор на Здружението на правници на Македонија “Жената во бизнисот-реалност и потреба”
- Проф. д-р Маре Зарезанкова-Потевска, ФОН Универзитет “Македонската жена и претприемништвото”
На крај од оваа конференција беа покажани неколку успешни примери на жени претприемачи во Република Македонија. Овие позитивни примери треба да послужат како инспирација за сегашната и идната голема улога на жената во економијата на Република Македонија:
- Г-а . Мимоза Тачи – “Sun and star”,Тетово – „Мисли позитивно“
- Г-а. Дивна Иванова, индивидуален зeмјоделец „Дивна“, Кочани – „Со македонска јагода до европските трпеза“
- Г-а. Ленче Литајковска – сопственик на КОБРА телевизија, Радовиш – „Верувам во ангелот“
- Г-а. Сузана Наумоска, дооел спа „Изида“, Охрид, „Креативноста отвара свет на неограничени можности“
- Г-а. Олга Илоска, менаџер и главен координатор на АД Инекс Горица, Охрид „Секој голем успех триумф на упорноста“
Учесници на конференцијата беа претставници од владините институции, граѓанскиот сектор, судството, бизнис заедницата, општините и универзитетите.
No comment yet, add your voice below!