Skip to content

Промовиран Центарот за развој на Југоисточниот планнски регион

ДАТУМ

мај 18, 2009

Категории

Во четврток, на 30 април 2009 година, во хотелот „ Тивериопол“ – Струмица, свечено беше извршена промоција на формирањето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица.
Југоисточниот плански регион го преставуваат 10-те Општини: Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Дојран, Гевгелија, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица со 188 населени места и околу 172.000 жители.
Центарот е резултат на сите напори и активности за имплементација на Законот за рамномерен регионален развој во Република Македонија, после Источниот со седиште во Штип и Полошкиот во Тетово, оваа е трет од осумте плански региони во РМ што и официјално беше означен стартот на отпочнувањето со работа и реализација на поставените цели и задача.
На промоцијата присуствуваа Министерот за локална самоуправа г-дин Муса Џафери, како и голем број на гости – преставници од Министерството за локална самоуправа, Бирот за регионален развој, градоначалници, советници од општинските овети, преставници на ГТЗ РЕД, стопнаскиот и банкарскиот секторот, НВО и здруженија на граѓани, др. гости и заинтересирани субјекти од регионот и РМ.
Поздравен говор до присутните одржа г-ѓа Жулиета Ѓуркова Раководител на Центарот, потоа на присутните им се обратија г-динот Муса Џафери министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија, г-дин Зоран Заев градоначалник на општина Струмица и воедно Претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и г-дин Јенс Адлер, тим лидер на Програмата за регионален економски развој во РМ – ГТЗ РЕД.
До присутните гости Раководителот на Центарот г-ѓа Жулиета Ѓуркова истакна дека Југоисточниот плански регион е портата на Македонија за влез во Европската Унија, бидејки граничи со две нејзини членки, поради што заслужува подобра сообраќајна инфраструктура и огромна поддршка од страна на сите државни органи.
Таа им се заблагодари на сите присутни гости нарекувајќи ги идни партнери на Центарот во заедничко остварување на визијата на Југоисточниот регион, како би го направиле овој регион најуспешен во Република Македонија и пошироко.
Министерот г-дин Муса Џафери во дел од своето обраќање истакна дека, со отварање на Центрите за развој на планските региони и практично ќе се имплементира Законот за рамномерен регионален развој, а според позитивните искуства од земјите на ЕУ. Наскоро Владата треба да ја потврди Националната Стратегија за рамномерен економски развој, што ќе значи целосна подршка на планскиот развој на регионите.
Во своето обраќање кон присутните, Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион г-дин Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица, со особено задоволство ја промовира визијата – Југоисточниот регион да биде посакуван регион за живеење, инвестирање и носител на сопствениот развој.
Политиката на регионалниот развој на Југоисточниот плански регион е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на региопналниот диспаритет и оставарување на рамномерен регионален и одржлив развој, како и подигнување на квалитетот на животот на сите граѓани во регионот.
Г-дин Јенс Адлер, тим лидер на Програмата за регионален економски развој во РМ – ГТЗ РЕД, истакна дека само со донесување на правилни и недвосмислени програми и одлуки за рамномерен регионален развој може да се постигне поставената цел.
На промоцијата беа истакнати главните приоритети на локалниот и регионалниот економски развој, особено во развојот на земјоделството, инфраструктура, животната средина, туризмот и други области од значење за одржливиот економски развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy