Втора (последователна) сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“- II фаза

Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на втора (последователна) сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“- II фаза, што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 28 април 2022 година, (четврток), во просториите на Стопанска комора на Македонија, со почеток во 10:30 часот.

На оваа форумска сесија ќе бидат презентирани концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на концептите од листата на проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС. На сесијата, исто така, ќе биде дадено образложение за критериуми за избор на проекти од Грантова шема како и начинот на гласање. По соодветна дискусија за презентираните проекти ќе се изврши избирањее т.е рангирање на концептните решенија од грантовата шема.

Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

Одржана IV (четврта) седница на Совет на Скопски плански регион

Советот на Скопски плански регион ја одржа четвртата по ред седница на која присуствуваа: Заменик министер за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Христина Оџаклиеска, Директор на Агенција за планирањена просторот, г-ѓа Андријана Андреева, градоначалници од Скопскиот региони претставници од општините во Скопскиот регион.

Целта на средбата беше запознавање на градоначалниците на општините со процесот на изработка на Просторен план во Република Северна Македонија се со цел земање на активно учество и придонес во носењето на одлуките.

Просторниот план на Државата, како највисок стратешки, долгорочен документ со кој се обезбедува организација, заштита и управување со просторот на државата, по својата суштина и карактер, а особено по начинот на донесување претставува законски документ од највисок ранг, кој во планерската терминологија се нарекува „устав во планирањето“. Затоа целата постапка на негова изработка, донесување и имплементација ќе биде транспарентна, демократична и инклузивна и ќе ги обедини сите засегнати страни кои се дел од политиката на планирање.

Планските региони се една од најзначајните засегнати страни и нивното учество во овој процес е значајно поради утврдувањето и респектирањето на регионалните преиоритети и специфики, со што ќе се постигне избалансиран развој.

Скопскиот регион, поради концентрацијата на население, стопански капацитети, управни, образовни и др.функции, сообракајната поврзаност инт/сл. е најкомплексен и токму поради тоа бара активно учество на претставниците во процесот на подготовка, донесување, а особено имплементација на просторниот план.

Добрата политика на планирање на просторот и заштита на јавниот интерес се обезбедува со одржливо користење на земјиштето, природните и создадени вредности и заштита на животната средина, што е основа на методологијата за изработка на просторниот план.

Овој плански документ кој ќе биде основа на развојот на нашата земја во идните 20 години, ќе гарантира благосостојба, прогрес и повисок квалитет на живеење на нашите граѓани и зачувување на се она што нашата земја го поседува како вредно и ограничено национално богатство; во состојба, кондиција, капацитет и квалитет вреден и употреблив и за идните генерации.

Седница на Совет на Скопски плански регион се одржа во Град Скопје. 

Галерија

ЦРСПР во нерамноправна положба меѓу останатите регионални центри во Р.С.Македонија за користење на средствата од ИПА програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Косово

На Консултативниот форум: IPA Cross Border Cooperation Programme, Kosovo & North Macedonia одржан на 16.03.2022 во Приштина, во контекст на подготовките за најавениот повик во делот предвиден за прашaња и дискусија, на прашањето кое се однесуваше за можноста на регионалните центри за развој да бидат водечки апликанти во структурата на партнерствата, на  одговорот даден од страна на проектниот менаџер на Европската комисија Г-дин Џорџ Папагијанис (George Papagiannis),  беше дадена забелешка од министерот за локална самоуправа на Р.С. Македонија, Г-дин Горан  Милевски, кој посочи дека доколку делегацијата не е подготвена да одговори, да ја вгради забелешката на директорот на Центарот за развој на Скопски Плански Регион, Г-дин Љупчо Кец Мицковски во претстојниот повик и да им овозможи и на центрите на планските региони да аплицираат.

Деталите, во врска со поставеното прашање, се подоле во издвоените цитати, определени со минутажа во изворното видео: https://www.facebook.com/ipacbckosovonorthmacedonia/videos/5275659982452562, поставено на ФБ страницата на IPA CBC Programme Kosovo – North Macedonia 2014 – 2020 https://www.facebook.com/ipacbckosovonorthmacedonia

Љупчо Кец Мицковски, Директор на ЦРСПР  (Прашање од 50: 28 до 51: 43), цитат:

„Почитувани министри, почитувани градоначалници, дами и господа, јас сум Љупчо Кец Мицковски директор на ЦРСПР, благодарам за поканата. Сакам да прашам дали на овој повик Центрите за развој на планските региони ќе имаат можност да аплицираат со едно кратко образложение: Минатиот повик ние како Центар аплициравме со проект и бевме одбиени поради тоа што не сме регистрирани, не сме локална самоуправа. Имено центрите се регистрирани како локална самоуправа и во централниот регистер на Р.С. Македонија евидентирани сме со дејност „локална самоуправа“. Причината не ми беше јасна затоа и приговаравме до Канцеларијата на Европската унија, приговаравме до Министертвото, и сакам овде да прашам бидејќи целта на форумот е да ми одговори: Дали ние како центри, бидејќи сме во оваа програма видливи, значи, зборувам за Центарот за развој на Скопски плански регион од мое име, верувам ќе се интересираат и останатите центри, дали ќе можеме да алицираме на овој повик како главни апликанти, благодарам.

На што Г- дин  Георг Папагијанис даде одговор во кој повторно упати на информации од Водичот за новиот повик, за кој посочи дека има правилник и дека овој повик е различен од другите за кој треба да се прочита неговиот Водич (Guideline) на што беше дадена забелешката од министерот Милевски, дека канцеларијата доколку не е подготвена да го вгради приговорот од страна на директорот Мицковски.

Одговорот на Г-дин во  Георг Папагијаннис во целост е даде од 52:00  до 53: 15 во видеото од линкот.

Министерот Милевски, забелешка (53: 23 – 54: 29), цитат:

„Бидејќи некако не даваме точни одговори на градоначалниците, а за тоа се дојдени, за новиот повик кој ќе се објави за некој ден, и незнам дали делегацијата сеште не е спремна, но и ако не е спремна, добра е оваа забелешка на директорот на Скопскиот плански регион бидејќи, сега уште не сте спремни целосно со повикот, да ја вградите и да им овозможите на планските региони да аплицираат, бидејќи таа можност ја имаат со програмата пример со Грзција, со Бугарија, планските региони се рамноправни со општините  и аплицираат, така да бидејќи слушам дека повикот не ви е готов, штом не е готов овие забелешки од градоначалниците и од планските региони можете да ги вградите а не да чекаат дали ќе бидат или не, сега, изненадување да биде, туку тоа да биде вградено, за да може планските региони да аплицираат, тоа е една моја забелешка или препорака.

Во контекст на целисходноста на консултативниот форум кој се одржа во Приштина, на 16 март 2022 година, на кој учествуваа Министерот за локална самоуправа на Р. Косово Г-дин Елберт Красниќи, министерот Горан Милевски, како и градоначалниците од обете страни на опфатените погранични региони, фокусот беше ставен на негување и зајакнување на соработката на општините на Република Косово и општините на Република Северна Македонија во рамките на оваа програма. Министерот г-дин Красниќи истакна дека на петтиот повик за доставување предлози, кој наскоро ќе биде објавен, достигна финансиска вредност од околу 3 милиони евра.

Од друга страна, министерот Милевски му се заблагодари на министерот Красниќи за домаќинството, нагласувајќи дека прекуграничната соработка е приоритет на Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија, токму преку реализацијата на овие корисни проекти во општините на нашите две земји. 

Галерија

Одржан првиот форум од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза

Центарот за развој на Скопски плански регион, го одржа првиот форум од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“, кој започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата. Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа (МЛС. Целта на регионалните форуми е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за Скопскиот регион.

На првата форумска сесија во рамки на споменатиот проект, беше презентирано номинирањето и приоритизирањето на регионалните проекти за двете форумски програми:

  • Грантова шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза, на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка (МЛС и ЦДС) И
  • Програма за развој на Скопски плански регион за 2022 со индикативно планирани средства за 2023, (МЛС и Биро за регионален развој – БРР)

Форумот отпочна со поздравен збор и изјава за медиумите од страна на раководителот на Скопски плански регион Г-дин Љупчо Кец Мицковски, кој ја запозна јавноста со целта на програмите. Модераторот Г-ѓа Жаклина Цветковска ги воведе присутните преку презентација со генералните цели, специфичните цели и структурата на проектот по основ на буџетот, како и форумскиот процес, потенцирајќи ги задолжителните компоненти во планираните проекти како и приоритетните теми распоредени во области.

Присутниот аудиториум беше сеопфатен вклучувајќи претставници од граѓанскиот сектор, академскиот сектор, локалните единици – општините  и институциите, беше категоризиран и распеределен на тематски маси: „Социјална инклузија и култура“, „Инфраструктура“, „Бизнис сектор“, „Туризам“, „Животна средина“ и „Образование“.

Присутните претставници од сите сектори ги дадоа согласно темите, идејните решенија за предлог проектите и за двете програми, кои беа поздравени и прифатени како одлични и корисни за регионот.

Првата форумска сесија помина со голем интерес, интерактивност, конструктивни прашања и дискусии, добри насоки и низа извонредни идеи од кои произлегоа добри предлог проекти за развој на Скопскиот плански регион. 

Галерија

Работна средба со градоначалникот на Општина Сарај

Денеска Центарот за развој на Скопски плански регион, оствари работна средба со градоначалникот на Ошштина Сарај, г-дин Блерим Беџети, на која беше дискутирано за можностите и насоките за развојот на општината, актуелните програми и апликации за регионални, меѓугранични проекти, вмрежувања и соработки. На средбата се разговараше за конструктивни проекти кои би имале позитивен импакт во повеќето сегменти на регионалниот развој, преку кои би се подобрил квалитетот на живот во општината.

Галерија

Паметна специјализација

Паметна специјализација

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“, организира работилница на тема „ПАМЕТНА СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА“ која ќе се одржи на 16.03.2022г. со почеток во 10ч. во просториите на Стопанска комора на Р. С. Македонија.

Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа.

Целта на оваа работилница е запознавање со ефектот на паметната специјализација како пристап за зголемување на конкурентноста, како и со процесот на изработка на Стратегија за паметна специјализација на национално ниво.

Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“, започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата. Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа

Целта на регионалните форуми е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за Скопскиот плански регион.

Форумот е отворен и за сите граѓани, кои сакаат да земат активно граѓанско учество во партиципативниот форумски модел на одлучување.

——————————–

🗓15ти март

⏰10:00

📍Стопанска комора на Северна Македонија

Одржана III-та седница на Совет за развој на Скопски плански регион

III-та седница на совет за развој на скопски плански регион

Денес во Општна Кисела Вода се одржа третата по ред седница на Совет за развој на Скопски плански регион.

Согласно дневниот ред беа разгледани и усвоени повеќе точки од страна на присутните.

Изгласани се годишниот Извештај за реализација на Програма за развој на Скопски плански регион за 2021 година и извештајот за финансико работење на Центар за развој на Скопски плански регион за 2021 година, Годишен акционен план за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион 2022 година и завршна сметка на Проектот “Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење “-ЕРAЗМУС+ КА102 за 2021 година.

Верификувани беа и мандатите на новите двајца надворешни членови без право на глас и тоа Марија Николов, Претседател на Центар за економски анализи и Горан Ѓорѓиевски –Потпретседател на агро бизнис комора при Сојуз на стопански комори на Македонија.

По однос на точката за Регионално управување со отпад во Скопски плански регион, од страна на Центар за развој на Скопски плански регион беше поканет претставник од Министертсвото за животна средина и просторно планирање, кој даде своја куса презентација пред присутните.

Поканети беа и преставници од проектната канцеларија на Швајцарска агениција за развој кои исто така беа дел од дневниот ред на оваа седница и дадоа куса инфорамција околу проектот за Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза како и за јавниот повик за Грантовата шема за инвестициски проекти со дигитална компонента. 

Денеска во утринската програма на националната телевизија, гостуваше директорот на Центар за развој на Скопски плански регион

Тој даде осврт за клучните активности во изминатиот период, претставувајќи ги интернационалните соработки, европските проекти, нивниот континуитет и вмрежувањето во квалитетни партнерствата . Акцентот во разговорот беше ставен на домашните проекти со општините кои ќе се реазлизираат годинава, за кои даде релевантни одговори по однос на буџетот, финансирањето и предизвиците со кои се справува. На крајот,  ја доближи визијата на центарот како и својат личен аспект, препорачувајќи посебна развојна програма и стабилна инфраструктурна мрежа меѓу градот и периферните општини, со цел дисперзија и баланс на населението во растеретена градска средина  и пристапна и атрактивна рурална средина, во која може да се живее, здраво, удобно и квалитетно.

Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Центарот за развој на Скопски плански регион

Премиерот Димитар Ковачевски во посета на Центарот за развој на Скопски плански регион, каде што беше пречекан од Раководителот Љупчо Кец Мицковски и вработените во центарот. Средбата овозможи  кусо запознавање со предизвиците во Скопскиот регион.