Skip to content

Одржан првиот форум од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза

ДАТУМ

март 17, 2022

Категории

Центарот за развој на Скопски плански регион, го одржа првиот форум од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза“, кој започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата. Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) и Министерството за локална самоуправа (МЛС. Целта на регионалните форуми е да се зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на регионално и локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу регионалните и локални субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес за Скопскиот регион.

На првата форумска сесија во рамки на споменатиот проект, беше презентирано номинирањето и приоритизирањето на регионалните проекти за двете форумски програми:

  • Грантова шема на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза, на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој и соработка (МЛС и ЦДС) И
  • Програма за развој на Скопски плански регион за 2022 со индикативно планирани средства за 2023, (МЛС и Биро за регионален развој – БРР)

Форумот отпочна со поздравен збор и изјава за медиумите од страна на раководителот на Скопски плански регион Г-дин Љупчо Кец Мицковски, кој ја запозна јавноста со целта на програмите. Модераторот Г-ѓа Жаклина Цветковска ги воведе присутните преку презентација со генералните цели, специфичните цели и структурата на проектот по основ на буџетот, како и форумскиот процес, потенцирајќи ги задолжителните компоненти во планираните проекти како и приоритетните теми распоредени во области.

Присутниот аудиториум беше сеопфатен вклучувајќи претставници од граѓанскиот сектор, академскиот сектор, локалните единици – општините  и институциите, беше категоризиран и распеределен на тематски маси: „Социјална инклузија и култура“, „Инфраструктура“, „Бизнис сектор“, „Туризам“, „Животна средина“ и „Образование“.

Присутните претставници од сите сектори ги дадоа согласно темите, идејните решенија за предлог проектите и за двете програми, кои беа поздравени и прифатени како одлични и корисни за регионот.

Првата форумска сесија помина со голем интерес, интерактивност, конструктивни прашања и дискусии, добри насоки и низа извонредни идеи од кои произлегоа добри предлог проекти за развој на Скопскиот плански регион. 

Галерија

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

I accept the Privacy Policy