Центарот за развој на Скопски плански регион денеска (19.05.2026) одржа работилница со Rаботната група во проектот „ПАДРИОН – Соочување на јавните администрации со процесот на дигитална трансформација како заедница во областа АДРИОН“.
На работилницата беа презентирани резултатите од спроведената анкета во пилот општината Гази Баба, по што се разви дискусија за креирање на идните прашалници кои ќе се генерираат и во останатите општини. Во вториот дел, беше презентиран и прототипот за заедничката дигитална алатка на кластерот во кој заедно соработуваат Центарот за развој на Скопски плански регион и општината Пјаченца од Италија, именувана „BRIDGE Women digital services reporting & monitoring tool“.
По презентациите Работната група беше поделена во секции, кои дадоа предлози за надополнување и подобрување на идните анализи и алатката на која и претстои пилотирање. На крајот беа сублимирани најдобрите предлози за најпродуктивна верзија на алатката како дигитално сценарио кое најдобро би функционирало во својата практична употреба на некои од мапираните постоечки платформи на национално и локално ниво.
На крајот од работилницатан беа мапирани институциите што ќе ја користат алатката и добиените податоци, а истовремено се договори и оперативниот план за имплементација на алатката од прототип до функционално решение.
No comment yet, add your voice below!