Центарот за развој на Скопски плански регион продолжува со реализација на развојните планови чиј фокус е подобрена, современа и функционална патна инфраструктура.
В.д. Директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион Г-ѓа Розета Арсовска и Директорот на Бирото за регионален развој Г-дин Амет Имери потпишаа договор за финансирање на новиот проект ,,Реконструкција на регионален пат Илинден-Јурумлери-фаза 1“ за кој се предвидени средства во максимален износ од 4.306.691,00 денари од вкупно предвидениот буџет за реализација на проектините активности. Општината Илинден како главен партнер во регионалниот проект учествува со кофинансирање во износ од 1.544.265,00 денари. Проектот вреден скоро 6 милиони денари со реконструкција на регионалниот пат ќе овозможи подобрена пристапност, сигурност и поврзаност на населените места во Скопскиот регион, што е од особена важност во унапредувањето на инфраструктурата и растеретувањето на густиот сообраќај како еден од клучните регионални предизвици.
Проектот е одобрен во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој.

No comment yet, add your voice below!