Денеска во новата општинска зграда на Општина Петровец беше одржана XVI – тата Седница на Советот за развој на Скопски плански регион со која за прв пат заседаваше Претседателот на Совет Г-дин Борче Митевски.
На седницата беше изгласана приоритетната листа на регионалните проекти, произлезени од овогодинешниот форумски циклус на регионални форуми на заедницата, за финансирање од страна МЛС и БРР, во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – фаза II. На седницата, исто беше одобрен финансискиот план на ЦРСПР за 2024 г., беше презентиран Акциониот план за сегашни и идни проекти, и беше преотстапен проектот “Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден” чиј главен партнер е Општина Илинден во копартнерство со општините Петровец и Гази Баба.
Во претпразнично расположение, ЦРСПР им посака на присутните плодна година со квалитетни проекти.
No comment yet, add your voice below!