В.д. директорката на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, присуствуваше на работна средба со министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова и останатите директори на Центрите за развој на планските региони во државата. Целта на средбата беше да се интензивира комуникацијата и соработка со Центрите, како важна карика меѓу централната власт и локалните самоуправи.
Директорите на планските региони беа информирани за активностите што во иднина се очекува да бидат реализацирани на двете приоритени области: управување со отпад и водоснабдување, одведување на отпадни води и нивно прочистување.
No comment yet, add your voice below!