Текст: Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, почнува со изработка на Програмата за развој на Скопскиот плански регион 2020 – 2024.
Во рамките на предвидената Воведна консултативна средба ќе биде претставен процесот на изработка на Програмата за развој, вклучувајќи ги проектната задача, целите и очекуваните резултати, содржината на програмата, методологијата на изработка, временската рамка и сл. Во текот на изработка на Програмата за развој на Скопскиот плански регион ќе бидат опфатени следниве методолошки целини: демографски развој, економски карактеристики, пазар на работна сила, социјален развој, инфраструктура, подрачјата со специфични развојни потреби.
Со цел да се обезбеди сеопфатна презентација на тематските содржини, и да се добијат конзистентни податоци за нив, ќе бидат реализирани секторски анализи. Истите ќе помогнат да се утврди постојното ниво на развиеност на Скопскиот плански регион, и понатамошните развојни потреби.
No comment yet, add your voice below!