ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

ЈАВЕН ПОВИК
Во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“
Центарот за развој на Скопски плански регион организира:
ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ
НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И
ОБУКА ЗА РАЗВОЈ И АКРЕДИТАЦИЈА НА ПРОГРАМИ ЗА ВЕШТИНИ И УСОВРШУВАЊЕ
ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА

1) Локација и време: Дводневниот настан за градење капацитети, Информативно – Едукативна работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование и Обука за развој и акредитација на програми за вештини и усовршување ќе се одржи во Хотел Панорамика Дизајн, Скопје на 09.05 и 10.05.2024г.

2) Целни групи: Повикот е наменет за 30 учесници од мали и средни компании – претставници од нивниот менаџмент за човечки ресурси (Ејч Ар) и претставници од центри/организации за обука и стручно образование.

3) Корисници на проектот (кој може да се пријави?): Јавниот повик е отворен за корисници од Североисточниот регион и програмски опфатениот дел од Скопскиот регион , во кои спаѓаат малите и средни претпријатија од следната класификација: занаетчиски работилници; регистрирани земјоделски стопанства; бизниси/фирми во сопственост или управувани од жени; формални и неформални образовни институции од прекуграничната програмска област (членови на прекуграничната мрежа за труд мобилност и развој на вработување).
Предност при селектирањето во јавниот повик за апликација согласност точката 6 имаат: секторите кои се во просперитет, односно: C Преработувачка индустрија 4; G Трговија на
големо и мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли 4; H Транспорт и складирање 5; Ј Информирање и комуникации 3 и М Стручна, научна и техничка дејност.

4) Цел: Настанот ќе биде организиран за да се информираат и обучат малите и средните претпријатија, како и образовните центри како целни групи во процесот на јакнење на
вработливоста и мобилноста во пограничниот регион, за можностите и придобивките од развивањето и акредитирањето на програмите за стручно образование и обуките за
стекнување вештини при што истите ќе бидат информирани и едуцирани за процедурите, тековните регулативи и барања за акредитација во нивните организации.

5) Концепт: Работилницата е конципирана на информативен дел во кој присутните ќе се запознаат подетално со правната рамка за развој на Програмата за стручно образование и
обука за стекнување вештини, кои се клучни актери во развојот на Програмата за стручно образование и обука за стекнување на вештини во Македонија, со чекорите во процесот на
акредитација на споменатата програмата и обука за стекнување вештини, како и со предностите од развојот и акредитацијата од гледна точка на малите и средни претпријатија
и претприемачи. Едукацијата ќе ја овозможат консултантите Драган Пехчевски и Синиша Пекевски, во дијалог со стручните експерти од органзациите за верификација на програми со цел темелно да ги информираат присутните за постапката за стекнување статус на јавно признат организатор на обука и за процесот на идентификација и синхронизација на вештините со претходните базични учење во насока на профилирање на потребни стручни кадри, преку постоечките и потенцијалните образовни центри кои имаат потреба од стручен кадар кој е баран, недостига или е вон рамките на верифицираните кадрови категоризации. Во едукативниот дел од работилницата, учесниците ќе бидат едуцирани за планираната менторска поддршка за развој и имплементација на пилот-програмата за професионално образование, и за идентификација на потребите на малите и средни претпријатија и претприемачи во однос на квалификувана работна сила и утврдување на профилот на работници, како и за спроведување на пилотпрограмата за стручно образование.

6) Можност и критериуми за апликација за образовни центри: За време на работилницата, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за менторска поддршка во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, а шансата за да станат обучени за идни образовни центри ќе ја добијат 5 правни лица, согласно на критериумите и определбите во прекуграничниот проект, кои припаѓаат на просперитетните индустриски области, наведени во точка 3, погоре во огласот. Проектот предвидува нефинансиска поддршка во облик на временски определено менторство до валоризација и верификација на пилот –програмата за центри за обука. 7) Рок за пријавување: Пријавата трае до пополнување на бројот од 30 претставници на мали и средни претпријатија и претставници од центри/организации за обука и стручно образование, со регистрација до 02.05.2024 и потврда за учество најдоцна до 07.05.2024.г., на адресата која е наведена во точка 8.

8) Дополнителни информации: Контакт лица за кандидати/корисници за сите информации се Регина Икономовска, Координатор за регионален развој и приватен сектор во прекуграничниот регион и Комуникациски Менаџер regina@skopjeregion.gov.mk , и Ирина Тростјанска, Коодринатор за стручно образование и обуки и специјалист за јавни набавки, Ирина Тростјанска irina.trostjanska@skopjeregion.gov.mk адреса: Центар за развој на Скопски плански регион Бул. Климент Охридски , бр 68, III кат, Европски универзитет

9) Политика за заштита на приватноста: Целта за собирање и обработка на лични податоци е регистрирање на заинтересираните корисници на проектот. Личните подаци се обработуваат во склад со Општата уредба за заштита на податоци (ЕУ) 2016/679 и релевантните македонски/српски закони за заштита на податоци. Известувањето за заштита на лични податоци е прилог на овој Јавен повик.

Проектот „ШАНСА ЗА ВАС“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проектот) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на планскиот регион од Скопје, Северна Македонија, Центарот за развој на областите Јабланица и Пчињ од Лесковац и општина Власотинце, Србија (во натамошниот текст: партнери на проектот ). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија. Проектот се фокусира на воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и да се зголемат капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за имплементација на програмите за вработување. Во оваа смисла, проектните партнери организираат еднодневна информативна и едукативна работилница за развој на континуирана програма за менторство/стажирање за заинтересирани организации.

Организатор на настанот: Центар за развој на Скопски плански регион, Р.Македонија (Коапликант 1/ ко-корисник 1) заедно со проектните партнери Центар за управување со знаење, Скопје, Северна Македонија (главен апликант/координатор); Центар за развој на Јабланичко –Пчињскиот округ (Ко-апликант 2/ко-корисник 2) и општина Власотинце, Србија (Ко-апликант 3/ко-корисник 3).

Преземи PDF формат

Одржана XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Денеска беше одржана XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион, на која едногласно беа изгласани петте точки од дневниот ред, чиј фокус беше отчетноста на работата на Центарот за развој на Скопски плански регион за изминатата година. На седницата беше одобрен Годишниот Извештај за сите проекти, вклучително со финансовиот извештај како и завршните сметки за проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза на спроведување, како и завршните сметки за проектите „Шанса за тебе“ и „Изработка на техничка документација со ревизија и физибилити студија за изградба на центар за собирање на отпад и компостара, финансиски поддржан од УНДП. На седницата беше одржана и презентација од страна на Раководителот на одделението за РРР Г-ѓа Розета Арсовска, која присуствуваше на 4 дневна студиска посета во Брисел и Антверпен, Белгија, по повод отворање на третиот повик на INTEREG EUROPE програмата, која го воведе присутниот аудиториум во проектот и ги покани општините од Скопскиот регион да номинираат лица за претстојниот инфо ден, со цел подобро да се запознаат со квалификациите и компетенциите на апликабилните субјекти за 6 те категоризирани тематски линии.
Воедно, оваа седница беше прва одржана на новата локација на Центар за развој на Скопски плански регион, во амфитеатарот на Европски универзитет.

СКОПЈЕ МИ Е ДОМА СО ЈАНЕ МИЦЕВСКИ

Гостување на директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски  во живо на В ТВ Вистинска Телевизија во емисијата СКОПЈЕ МИ Е ДОМА

на тема: развојните политики, стратегии и проекти со фокус на регионалниот развој, можностите и капацитетите на Скопскиот регион.

Во контекст на темата за предизвиците, изборот на проектите, јакнењето на човечките капацитети и туризмот, во разговорот беше вклучена и Г-ѓа Регина Икономовска, Координатор за регионален развој при ЦРСПР, како и Г-ѓа Гордана  Јанакиевска долгогодишен туризмолог и ентузијаст во афирмацијата на туризмот, која се надоврза со аспект на туристичкиот развој во регионот.

Центарот за развој на Скопски плански регион изразува благодарност и дава поддршка за изборот на темите за развој чии главни актери се планските региони кои преку ваквите медиумите, чиј интерес е домашниот регионален развој стануваат поблиски и попристапни до граѓаните.

EU4M студиска посета на Брисел и Антверпен

EU4M студиска посета на Брисел и Антверпен Голема благодарност до EU4M – project funded by EU #EU4M за одличната организација на студиската посета на претставници на повеќе институции и плански региони од  на Брисел (19.03.2024) и Антверпт (20-21.03.2024) со цел  вмрежување и соработка со регионите од  . На студиската посета од Центарот за развој на Скопски плански регион – ЦРСПР учествуваше Раководителот на одделение за РРР, Розета Арсовска. Во Брисел остварени средби во DG REGIO со Жил Кител и Габи Хагмулер. Следеа состаноци со директорот и заменик-директорот на претставништвото на покраина Северна Рајна-Вестфалија во , Рајнер Штефенс и Сузана Мецлер и нивниот тим, со Игнаси Сентелес, претставник на Владата на Каталонија во ЕУ и дебрифинг со амбасадорот Зулфи Исмаили и неговиот тим во Мисијата на во ЕУ. Го посетивме и почесниот конзулат на во Антверпен, регион Фландрија во Белгија каде имавме дискусија со поранешната пратеничка и министерка за економија на Белгија. Дводневниот настан на Interreg Europe во Антверпен, во која за првпат земјите кандидати и можеа да учествуваат, беше исполнет со учење, вмрежување и размена на интересни одржливи проектни идеи . Истиот беше одлична можност ЦРСПР да се претстави како иден партнер во проектите на Interreg Europe, https://www.interregeurope.eu/event/europecooperates2024 Повеќе информации за настанот што се одржа во Антверпен, Белгија https://www.interregeurope.eu/event/europecooperates2024 Повеќе детали за новиot отворен повик  #InterregEurope https://www.interregeurope.eu/apply-for-the-call

ПРОЕКТОТ „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“ СО ОДЛИЧНА РЕАЛИЗАЦИЈА НА 4 ДНЕВЕН БУТ КАМП ЗА КАРИЕРЕН РАСТ: УЧЕЊЕ, СВЕЖ ПРИСТАП, ПРЕДИЗВИЦИ, ВИЗИИ И ДРУГАРУВАЊЕ

Денеска заврши четиридневниот „Бут камп за кариерен раст“, кој е во делот на активностите на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, плод на заедничка иницијатива на партнерството помеѓу, Центарот за управување со знаење Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион, партнери од македонска страна и Центарот за развој на Јабланичко-Пчињски округ и општината Власотинце партнери од српската страна. Проектот е во рамка на ИПА II програмата за прекугранична соработка Македонија – Србија, а се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област, како и зголемуввање на капацитетите и компетенциите на сите надлежни чинители за спроведување на програмата за вработување. Освен што беа корисни и ефектни, овие „Бут камп“ денови беа омилени, дружељубиви, вмрежувачки и незаборавни за сите учесници кои ја препознаа кариерната клима во еден млад, прогресивен и пријателски амбиент. Симбиозата модератори, учесници, координаторски –тим, угостители, покажа како една обука, постигнува повеќе цели и станува модел за генерирање на слични практики кои младите ги препознаваат како „шанса за себе“, „шанса за својата иднина“ и „шанса за својата земја и пограничниот регион меѓу двете братки земји“. Обуката опфати: смопроценка на лични карактеристики; истражување на различни професии и работни места; стратегии за барање работа; совети за претставување на интервју; поставување на цели; аспект на улога во претставување на интервју за работа; претприемништво и можности за самовработување; искуствено учење преку вежби; активности и дискусии; и тимска работа. Обуката беше конципирана и со теренска посета на културното наследство, археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ во кој групата се запозна со животот на наолитскиот човек и благосостојбата на средниот неолит во чиј зенит се културата, уметноста и духовноста кои и за денес претставуваат благороден и хуман концепт во симбиоза со природата. Обуката беше заокружена со доделување на Сертификати, а она што ќе остане како слоган за взаемна мотивација и идни предицвици е сумираниот впечаток на учесниците во една реченица: „Би сакале кампот да продолжи уште некој ден, затоа што учиме, се дружиме и излегуваме побогати со знаења, вештини, пријатели и насмевки“.

Одржана XVII (седумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Во салата за состаноци каде домакини беа општина Центар, денес беше одржана XVII (седумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Приоритет на оваа тековна седница беа двете точки поврзани со информацијата за отпочнување на новиот повик за Прекугранична соработка – Република С.Македонија – Република Србија и промената на седиштето на центарот за развој на Скопски плански регион, за која присутните едногласно ја усвоија предлог одлуката. Следната седница на советот се очекува да се одржи за кусо време со на нова локација на центарот.

Успешно спроведена уште една TAIEX

Успешно спроведена уште една TAIEX Работилница “Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“ Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР) од 20-22 февруари 2024 г. во соработка со ЕУ TAIEX инструментот за техничка поддршка за локалните власти, ја спроведе работилницата “ Дигитални општини – транспарентни и ефикасни јавни услуги“. На отварањето на работилницта поздравни говории имаа: г-ѓа Елизабета Буова од Секратаријатот за Европски рашања, г-от Карл Џачинти од Делегацијата на Европсат Унија во Скопје, г-от Стефан Андоновски заменик министер од Министерството за Информатиќко општество и администрација и диреторот на Центарот г-от Јане Мицевски. “Од излагањата на меѓународните експерти видовме (Онаа што научивме на оваа работилница е) дека дигиталната трансформација е тековен процес кој, за да успее, не треба само примена на напредни и иновативни дигитални решенија туку бара посветеност, ресурси и соработка на сите чинители“- изјави г-ѓа Розета Арсовска Раководител на одделенито за регионален развој при ЦРСПР. Работилницата ја спроведоа реномираните меѓународни експерти, г-от Александар Томулиќ и г-от Зоран Цетињанин ,од Република Хрватска и г-от Петер Гершич од Република Словенија, а своја презентација имаше и домашниот панелист г-ѓа Ана Мазнева Каранфиловска. 45 претставници од општините од Скопскиот плански регион, претставници од министерствата и граѓанските здруженија ќе имаат можност да се запознаат со ЕУ регулативата, да разменат искуства за дигиталната трансформација и да се запознаат со користење на современи технологии во локалните заедници преку практични примери на дигитални решенија што ќе бидат споделени од страна на меѓународните експерти и домашните панелисти на работилниата.

ОТВОРЕН ПОВИК

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме за предстојниот Буткамп за Раст во рамки на проектот ,,ШАНСА ЗА ТЕБЕ’’, наменет за млади луѓе од прекуграничниот регион Србија и Северна Македонија кој ќе се оддржи од 23-26 февруари во прекуграничниот регион.

Настанот го организира Центарот за управување со знаење заедно со Центарот за развој на Скопски плански регион, Центарот за развој на Јабланичко – Пчинскиот округ, и Општина Власотинце.

Главната цел на овој камп е да ги поддржи младите од прекуграничниот регион на Северна Македонија во развивањето на нивните работни и претприемачки вештини, како и да им помогне во препознавањето на можностите за професионален и кариерен раст.
Проектот, кофинансиран од ЕУ, е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење, Северна Македонија, Центарот за развој на скопскиот плански регион – Северна Македонија, Центар за развој Јабланичког и Пчињског округа Лесковац, Србија, и Општина Власотинце, Србија. Нашиот фокус е на зајакнување на механизмите за поддршка на вработувањето и мобилноста на работната сила во пограничниот регион помеѓу Србија и Северна Македонија . Со воведување иновативни пристапи и поттикнување прекугранични партнерства, ние имаме за цел да ја зголемиме вработливоста и мобилноста на работната сила, зголемувајќи ги капацитетите и компетенциите на двата сектора во програмите за вработување.

Условите за учество се следни:

1) Возраст меѓу 16-29 години;

2) Жител на една од општините кои припаѓаат на прекуграничниот регион од Северна Македонија: Сопиште, Студеничани, Зелениково, Сарај, Ѓорче, Бутел, Арачиново, Илинден, Петровец, Чучер Сандово, Липково, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Старо Негоричане и Ранковце. 

Учеството е бесплатно за сите избрани учесници, а буџетот на проектот ги покрива трошоците за превоз, сместување и храна.

Рокот за регистрација е до 21ви февруари, 2024 година.

Регистрацијата за учесниците е на следниот линк:  

https://www.sansazatebe.info/news/se-baraat-30-pobednici-koi-mozat-vistinski-da-go-promenat-prekugranicniot-region-srbija-severna-makedonija

За повеќе информации и регистрација, Ве молиме контактирајте го Центарот за управување со знаење:

Лице за  контакт: Андријана Богдановска Ѓ.

Моб тел.: +389 78 30 15 40

Е-пошта:  info@knowledge-center.org

 

Организаторот го задржува правото на промена на датумот доколку околностите го бараат истото.

 

Увид во изградба на градинка во Петровец

Се завршуваат последните активности на проектот “Изградба на детска градинка клон на ЈОУДГ Авионче Петровец со сензорна соба” во Општина Петровец. За таа цел, министерот за труд и социјална политика г. Ѓоко Велковски, заедно со директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г. Јане Мицевски и градоначалникот на Општина Петровец г. Борче Митевски, направија увид на градежните работи за изградба на градинката. Градинката ќе има стандардни услови за згрижување на повеќе од 50 деца од 1 до 5 години, а ќе се постави и сензорна соба за деца со нарушување од спектарот на аутизам, ADHD, говорни мани и други трауми во однесувањето. Проектот е финансиран од Бирото за регионален развој, со кофинансирање од Општина Петровец во имплементација на Центар за развој на Скопски Плански Регион.