Skip to content

ОДРЖАНА II-РА СЕДНИЦА НА СОВЕТООТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На Седницата се разгледаа потребите и приоритетите за понатамошен развој, како и идните активности за напредок на регионот. Со конструктивна дискусија, размена на идеи и предлози се потенцираше потребата за зајакнување на меѓуопштинската соработка со цел обезбедување поквалитетни услуги и подобри услови за сите граѓани. На седницата беа преотстапени два реализирани проекти чиј носител беше Центарот за развој на Скопски плански регион и тоа: „Мултифункционално возило за одржување на патна инфраструктура“ – проект од програмата за намалување на диспаритетите (финансиран од Министерство за локална самоуправа), чиј краен корисник и ко-финансиер е Општина Зелениково. „Техничка документација и Физибилити студија за изградба на Центар за собирање на отпад и Компостара“ – од програмата „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“ (финансирана од УНДП и Бирото за регионален развој), во партнерство и кофинансирање со општините Илинден, Гази Баба и Центар. Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со ЕУ4М достави сет од 7 специјализирани прирачници до сите градоначалниц кои нудат практична поддршка и насоки за успешно управување со проекти финансирани од Европската Унија. На седницата за вршител на должност  директор на ЦРСПР беше ре-избрана г-ѓа Розета Арсовска.   Меѓуопштинската соработка и разбирањето на потребите на локалните самоуправи остануваат главниот двигател на Центарот за развој на Скопски плански регион!

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy