Свечено отворање на Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во општините Центар, Кисела Вода и Карпош.
Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на проектот денес беше дел од свеченото отворање на центарот за работа со талентирани ученици од основните училишта во општините Центар, Кисела Вода и Карпош, кое се наоѓа во ООУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар. Проектот е спроведен преку програмата за рамномерен регионален развој 2021 година на Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа. Реализирани се три фази и тоа:проектна документацијач реконструкција на објектот, набавена е стока за опрема на кабинети со вкупна вредност од 5.526.318 мкд. Партнери во проектот се општините Центар, Кисела Вода и Карпош чии талентирани ученици понатаму че имаат можност да го користат истиот. Опремени се кабинети по неколку наставни предмети како: биологија, хемија, уметност, музичко, физика и информатика со висококвалитетна опрема и канцелариски материјали.
No comment yet, add your voice below!