Skip to content

Одржана VI седница на Совет на Скопски плански регион

Денес во општина Гази баба се одржа шестата по ред седница на Совет за развој на Скопски плански регион. Присутните градоначалници од Скопскиот регион како и претставници од општините, согласно дневниот ред имаа можност да проследат куса презентација од страна на надворешен експерт г-дин Александар Целески по однос на две точки и тоа:
  • Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС/СДЦ, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“;
  • Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“.
Со едногласно одлучување од страна на мнозинството градоначалници, приоритетната листа на проекти кои ќе бидат аплицирани во Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа, беше донесена по следниот редослед на проекти:
  1. Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден (во партнество со општините: Илинден, Гази Баба, Петровец)
  2. Набавка на Противпожарно возило за Доброволно друштво во општина Зелениково (во партнество со општините Зелениково и Петровец)
  3. Изградба на Детска градинка во општина Петровец, Илинден и Зелениково (во партнество со општините: Петровец, Илинден, Зелениково)
  4. Домот на култура (кино) “ Билјана Беличанец” – ДОМ ЗА СИТЕ НАС (во партнество со општинa Кисела Вода)
  5. Конзервација и реставрација на калдрма на ул. Папуџиска во Скопска чаршија со поставување на урбана опрема и дигитални апликации (водич) – (во партнество со општините: Чаир, Центар и градот Скопје)
  6. Изработка на техничка документација за Качанички пат (во партнество со општините: Бутел, Чучер Сандево, Шуто Оризари)
  7. Реконструкција на ул. Александар Урдаревски,2-ра фаза, 700 метри (во партнество со општините: Шуто Оризари, Бутел, Чучер Сандево).
Процесот на реализација на оваа приоритетна листа ќе отпочне веднаш по постапката за склучување на договорите со Бирото за регионален развој/Министерство за локална самоуправа.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy