Денеска, во рамки на проектот “ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, од ИПА II Програмата за прекугранична соработка Србија и Македонија, Центарот за развој на Скопски плански регион ја отпочна дво-дневната “Едукативна работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование и обука за развој и акредитација на програми за вештини и усовршување во Р.Македонија” која е наменета за менаџментот на мали и средни компании и центрите за обука и стручно образование. На оваа мошне корисна и потребна работилница компаниите имаат можност односно “шанса за себе” да се запознаат со постапката како да верифицираат програми кои им се потребни за јакнење на капацитетите и подобро профилирање на стручната работна сила која им е потребна.
Вториот ден од работилницата продолжува во текот на утрешниот ден на кој ќе биде опфатена подготовката на документи за верификација на организациите (ВЕТ центри) и студија на случај, во делот на заокружување на постапката која е актуелна и повеќе од потребна тема за предизвиците на компаниите кои планираат верификација и преку неа развој и прогрес на својата компанија.
Покана за Дводневни едукативни работилници обуки
ЈАВЕН ПОВИК
Во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“
Центарот за развој на Скопски плански регион организира:
ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА ЗА РАЗВОЈ И АКРЕДИТАЦИЈА НА ПРОГРАМИ ЗА ВЕШТИНИ И УСОВРШУВАЊЕ ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА
Покана за Дводневни едукативни работилници обуки. Шанса за тебе
ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ
ЈАВЕН ПОВИК
Во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“
Центарот за развој на Скопски плански регион организира:
ИНФОРМАТИВНО – ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ
НА ОРГАНИЗАЦИИ И ЦЕНТРИ ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И
ОБУКА ЗА РАЗВОЈ И АКРЕДИТАЦИЈА НА ПРОГРАМИ ЗА ВЕШТИНИ И УСОВРШУВАЊЕ
ВО Р.С.МАКЕДОНИЈА
1) Локација и време: Дводневниот настан за градење капацитети, Информативно – Едукативна работилница за градење на капацитети на организации и центри за стручно образование и Обука за развој и акредитација на програми за вештини и усовршување ќе се одржи во Хотел Панорамика Дизајн, Скопје на 09.05 и 10.05.2024г.
2) Целни групи: Повикот е наменет за 30 учесници од мали и средни компании – претставници од нивниот менаџмент за човечки ресурси (Ејч Ар) и претставници од центри/организации за обука и стручно образование.
3) Корисници на проектот (кој може да се пријави?): Јавниот повик е отворен за корисници од Североисточниот регион и програмски опфатениот дел од Скопскиот регион , во кои спаѓаат малите и средни претпријатија од следната класификација: занаетчиски работилници; регистрирани земјоделски стопанства; бизниси/фирми во сопственост или управувани од жени; формални и неформални образовни институции од прекуграничната програмска област (членови на прекуграничната мрежа за труд мобилност и развој на вработување).
Предност при селектирањето во јавниот повик за апликација согласност точката 6 имаат: секторите кои се во просперитет, односно: C Преработувачка индустрија 4; G Трговија на
големо и мало; Поправка на моторни возила и мотоцикли 4; H Транспорт и складирање 5; Ј Информирање и комуникации 3 и М Стручна, научна и техничка дејност.
4) Цел: Настанот ќе биде организиран за да се информираат и обучат малите и средните претпријатија, како и образовните центри како целни групи во процесот на јакнење на
вработливоста и мобилноста во пограничниот регион, за можностите и придобивките од развивањето и акредитирањето на програмите за стручно образование и обуките за
стекнување вештини при што истите ќе бидат информирани и едуцирани за процедурите, тековните регулативи и барања за акредитација во нивните организации.
5) Концепт: Работилницата е конципирана на информативен дел во кој присутните ќе се запознаат подетално со правната рамка за развој на Програмата за стручно образование и
обука за стекнување вештини, кои се клучни актери во развојот на Програмата за стручно образование и обука за стекнување на вештини во Македонија, со чекорите во процесот на
акредитација на споменатата програмата и обука за стекнување вештини, како и со предностите од развојот и акредитацијата од гледна точка на малите и средни претпријатија
и претприемачи. Едукацијата ќе ја овозможат консултантите Драган Пехчевски и Синиша Пекевски, во дијалог со стручните експерти од органзациите за верификација на програми со цел темелно да ги информираат присутните за постапката за стекнување статус на јавно признат организатор на обука и за процесот на идентификација и синхронизација на вештините со претходните базични учење во насока на профилирање на потребни стручни кадри, преку постоечките и потенцијалните образовни центри кои имаат потреба од стручен кадар кој е баран, недостига или е вон рамките на верифицираните кадрови категоризации. Во едукативниот дел од работилницата, учесниците ќе бидат едуцирани за планираната менторска поддршка за развој и имплементација на пилот-програмата за професионално образование, и за идентификација на потребите на малите и средни претпријатија и претприемачи во однос на квалификувана работна сила и утврдување на профилот на работници, како и за спроведување на пилотпрограмата за стручно образование.
6) Можност и критериуми за апликација за образовни центри: За време на работилницата, учесниците ќе имаат можност да аплицираат за менторска поддршка во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, а шансата за да станат обучени за идни образовни центри ќе ја добијат 5 правни лица, согласно на критериумите и определбите во прекуграничниот проект, кои припаѓаат на просперитетните индустриски области, наведени во точка 3, погоре во огласот. Проектот предвидува нефинансиска поддршка во облик на временски определено менторство до валоризација и верификација на пилот –програмата за центри за обука. 7) Рок за пријавување: Пријавата трае до пополнување на бројот од 30 претставници на мали и средни претпријатија и претставници од центри/организации за обука и стручно образование, со регистрација до 02.05.2024 и потврда за учество најдоцна до 07.05.2024.г., на адресата која е наведена во точка 8.
8) Дополнителни информации: Контакт лица за кандидати/корисници за сите информации се Регина Икономовска, Координатор за регионален развој и приватен сектор во прекуграничниот регион и Комуникациски Менаџер regina@skopjeregion.gov.mk , и Ирина Тростјанска, Коодринатор за стручно образование и обуки и специјалист за јавни набавки, Ирина Тростјанска irina.trostjanska@skopjeregion.gov.mk адреса: Центар за развој на Скопски плански регион Бул. Климент Охридски , бр 68, III кат, Европски универзитет
9) Политика за заштита на приватноста: Целта за собирање и обработка на лични податоци е регистрирање на заинтересираните корисници на проектот. Личните подаци се обработуваат во склад со Општата уредба за заштита на податоци (ЕУ) 2016/679 и релевантните македонски/српски закони за заштита на податоци. Известувањето за заштита на лични податоци е прилог на овој Јавен повик.
Проектот „ШАНСА ЗА ВАС“ (бр. 48-00-00164-2021-28-3) во рамките на ИПА II Програмата за прекугранична соработка на Србија и Северна Македонија 2016-2020 (во натамошниот текст: Проектот) е заедничка иницијатива на Центарот за управување со знаење од Скопје и Центарот за развој на планскиот регион од Скопје, Северна Македонија, Центарот за развој на областите Јабланица и Пчињ од Лесковац и општина Власотинце, Србија (во натамошниот текст: партнери на проектот ). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ги подобри механизмите за поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област на Србија и Северна Македонија. Проектот се фокусира на воведување нови пристапи и соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор со цел да се поддржи вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област и да се зголемат капацитетите и надлежностите на јавниот и приватниот сектор за имплементација на програмите за вработување. Во оваа смисла, проектните партнери организираат еднодневна информативна и едукативна работилница за развој на континуирана програма за менторство/стажирање за заинтересирани организации.
Организатор на настанот: Центар за развој на Скопски плански регион, Р.Македонија (Коапликант 1/ ко-корисник 1) заедно со проектните партнери Центар за управување со знаење, Скопје, Северна Македонија (главен апликант/координатор); Центар за развој на Јабланичко –Пчињскиот округ (Ко-апликант 2/ко-корисник 2) и општина Власотинце, Србија (Ко-апликант 3/ко-корисник 3).
Одржана XVIII седница на Советот за развој на Скопски плански регион
СКОПЈЕ МИ Е ДОМА СО ЈАНЕ МИЦЕВСКИ
Гостување на директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Г-дин Јане Мицевски во живо на В ТВ Вистинска Телевизија во емисијата СКОПЈЕ МИ Е ДОМА
на тема: развојните политики, стратегии и проекти со фокус на регионалниот развој, можностите и капацитетите на Скопскиот регион.
Во контекст на темата за предизвиците, изборот на проектите, јакнењето на човечките капацитети и туризмот, во разговорот беше вклучена и Г-ѓа Регина Икономовска, Координатор за регионален развој при ЦРСПР, како и Г-ѓа Гордана Јанакиевска долгогодишен туризмолог и ентузијаст во афирмацијата на туризмот, која се надоврза со аспект на туристичкиот развој во регионот.
Центарот за развој на Скопски плански регион изразува благодарност и дава поддршка за изборот на темите за развој чии главни актери се планските региони кои преку ваквите медиумите, чиј интерес е домашниот регионален развој стануваат поблиски и попристапни до граѓаните.