Денеска заврши четиридневниот „Бут камп за кариерен раст“, кој е во делот на активностите на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ“, плод на заедничка иницијатива на партнерството помеѓу, Центарот за управување со знаење Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион, партнери од македонска страна и Центарот за развој на Јабланичко-Пчињски округ и општината Власотинце партнери од српската страна. Проектот е во рамка на ИПА II програмата за прекугранична соработка Македонија – Србија, а се фокусира на воведување на нови пристапи и соработки меѓу јавниот и приватниот сектор со цел поддршка на вработливоста и мобилноста на работната сила во прекуграничната област, како и зголемуввање на капацитетите и компетенциите на сите надлежни чинители за спроведување на програмата за вработување.
Освен што беа корисни и ефектни, овие „Бут камп“ денови беа омилени, дружељубиви, вмрежувачки и незаборавни за сите учесници кои ја препознаа кариерната клима во еден млад, прогресивен и пријателски амбиент. Симбиозата модератори, учесници, координаторски –тим, угостители, покажа како една обука, постигнува повеќе цели и станува модел за генерирање на слични практики кои младите ги препознаваат како „шанса за себе“, „шанса за својата иднина“ и „шанса за својата земја и пограничниот регион меѓу двете братки земји“.
Обуката опфати: смопроценка на лични карактеристики; истражување на различни професии и работни места; стратегии за барање работа; совети за претставување на интервју; поставување на цели; аспект на улога во претставување на интервју за работа; претприемништво и можности за самовработување; искуствено учење преку вежби; активности и дискусии; и тимска работа.
Обуката беше конципирана и со теренска посета на културното наследство, археолошкиот локалитет „Тумба Маџари“ во кој групата се запозна со животот на наолитскиот човек и благосостојбата на средниот неолит во чиј зенит се културата, уметноста и духовноста кои и за денес претставуваат благороден и хуман концепт во симбиоза со природата. Обуката беше заокружена со доделување на Сертификати, а она што ќе остане како слоган за взаемна мотивација и идни предицвици е сумираниот впечаток на учесниците во една реченица: „Би сакале кампот да продолжи уште некој ден, затоа што учиме, се дружиме и излегуваме побогати со знаења, вештини, пријатели и насмевки“.
No comment yet, add your voice below!