Skip to content

Центарот за Развој на Скопски плански регион, на 5 декември, успешно ја реализираше и втората форумска сесија од регионалните форуми на заедницата во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“.

ДАТУМ

декември 5, 2023

Центарот за Развој на Скопски плански регион, на 5 декември, успешно ја реализираше и втората форумска сесија од регионалните форуми на заедницата во рамки на проектот  „Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој -2 фаза“. На Форумската сесија се обрати новиот претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, Г-дин Борче Митевски, Градоначалник на Општина Петровец, кој порача енергичен и продуктивен континуитет од проекти во кој со заеднички сили ќе се обезбедуваат средства од различни финансиски извори. На форумот, беа презентирани 8 –те предложени проекти од општините, кои на крајот во услови на демократско гласање беа бодувани и подредени согласно бројот на бодовите на приоритетна листа. Посакуваме успешна реализација на идните проекти во 2024/25 година, со кои согласно мисијата на Центарот на развој на Скопски плански регион ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy