ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО ПРЕСРЕТ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ НАБАВИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО
Центарот за развој на Скопски плански регион, продложува со реализација на приоритетните проекти кое се во насока на навремена и ефективна превенција и заштита на регионалните подрачја, овојпат обезбедувајќи противпожарно возило за Општина Зелениково, една од најзелените и најбујните, атрактивна со туристички содржини, историски корени и голем развоен потенцијал.
За да се овозможи добра промоција на највредното што го имаме, во случајов родното место на императорот Јустинијан I, оазата на штрковите, Таорската клисура, импресивниот природен диверзитет, Катлановското блато, старите цркви, профаното и сакралното наслество и најскапоценото – животот на мештаните, првиот чекор е на сите начини, да го заштитиме.
Оттука произлезе приоритетниот проект за набавка на Противпожарно возило, финансиран од Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион, а ко- финансиер е Општина Зелениково, која се повеќе расне и се развива од живописно место и во атрактивно зона за инсвестиција и живеење.
Горди сме на одличната соработка со општината која е партнер во набавката на возилото и финансиски придонесе за да се овозможи најдобриот избор.
Се надеваме дека новиот „јунак“ FUSO CANTER 9C18DUONIC, вреден 7.161.066,00 МКД (со ДДВ), ќе ја чува и ќе и служи сосе сите намени на општината, а доколку дојде до пожари кои најмногу посакуваме да ги нема, тука е и доброволното противпожарно здружение „Зелениково“ чии членови поседуваат, знаења и вештини за справување, како и обука за користење на ваков тип на современо противпожарно возило.
Центар за развој на Скопски плански регионот, секогаш посветен на потребите на граѓаните и општините, со фокус за балансиран прогрес, квалитетен живот и посигурна иднина.
No comment yet, add your voice below!