Skip to content

Успешно завршена Студиската посета во Капанори Италија

ДАТУМ

март 1, 2023

Категории

Претставниците од Центарот за развој на Скопски плански регион, општините Центар, Гази Баба, Илинден и ЈП Дрисла за време на Студиската посета остварија средба со Советникот за заштита на животната средина на општината Капанори г-динот Џордано Де Чиаро.На средбата меѓу другото се дискутираше и за спроведените кампањи за подигање на јавната свест за рециклирање и циркуларна економија во општината Капанори.
На средбата се споделија практики и искуства од општината Капанори кои ќе претставуваат значајни насоки за справување со предизвиците со кои се соочуваат општините во Скопски плански регион и ЈП Дрисла при воспоставување на одржлив сустем за управување со отпад и воведување на циркуларната економија.
Учесниците имаа можност да ги посетат Центарот за ре-употреба и поправки и Центарот за рециклирање каде се запознаа со процесот на креирање нови производи од отпад и на можностите за рециклирање на храна. Посетено беше и претпријатието Ascit најголемиот собирeн центар за отпад во Кампанори.
Студиската посета се реализира во рамките на проектот “Управување со отпад и развој на локалната економија“, финансиран од страна на Инструментот за техичка подршка на ЕУ – ТАИЕКС на локално ниво – TAIEX Strategic Support to Local Authorities, подржан од Секретаријатот за Европски прашања (СЕП), а имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион.
 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy