Советот за развој на Скопски плански регион, денес ја одржа десетта седница по ред во присуство на членовите на единиците на локалната самоуправа. Од страна на надворешен експерт г-дин Драган Пехчевски беше направена презентација на листа на предлог-проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за аплицирање во МЛС/БРР, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“, кои потоа беа подетално разгледани и истите беа усвоени. Со тоа беше донесена годишната листа на предлог-проекти со кој Центар за развој Скопски плански регион ќе аплицира на следниот повик МЛС/БРР 2023/2024год.
No comment yet, add your voice below!