Денес во општина Гази баба се одржа шестата по ред седница на Совет за развој на
Скопски плански регион.
Присутните градоначалници од Скопскиот регион како и претставници од општините, согласно дневниот ред имаа можност да проследат куса презентација од страна на надворешен експерт г-дин Александар Целески по однос на две точки и тоа:
- Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС/СДЦ, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“;
- Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“.
- Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден (во партнество со општините: Илинден, Гази Баба, Петровец)
- Набавка на Противпожарно возило за Доброволно друштво во општина Зелениково (во партнество со општините Зелениково и Петровец)
- Изградба на Детска градинка во општина Петровец, Илинден и Зелениково (во партнество со општините: Петровец, Илинден, Зелениково)
- Домот на култура (кино) “ Билјана Беличанец” – ДОМ ЗА СИТЕ НАС (во партнество со општинa Кисела Вода)
- Конзервација и реставрација на калдрма на ул. Папуџиска во Скопска чаршија со поставување на урбана опрема и дигитални апликации (водич) – (во партнество со општините: Чаир, Центар и градот Скопје)
- Изработка на техничка документација за Качанички пат (во партнество со општините: Бутел, Чучер Сандево, Шуто Оризари)
- Реконструкција на ул. Александар Урдаревски,2-ра фаза, 700 метри (во партнество со општините: Шуто Оризари, Бутел, Чучер Сандево).
No comment yet, add your voice below!