Советот за развој на Скопскиот плански регион ја одржа петнаесеттата седница на Скопскиот плански регион и воедно последната седница за оваа година. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот плански регион. Приоритетните точки кои беа ставени на дневен ред, се однесуваа на усвојување на Акционен план за 2020 година за спроведување на Програмата на СПР, финансиски план и план за јавни набавки на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2020 година. Дополнително на седницата се донесоа одлуки за преотстапување на објект – ,,Реконструкција на коловоз на улица Рилски конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче, Општина Центар” и објект “Инклузивно детско игралиште во Општина Карпош”.
Присутните дискутираа и за активности кои се предвидени за во 2020 година.
Седницата се одржа во просториите на Град Скопје.
[foogallery id=”6890″]
No comment yet, add your voice below!