Skip to content

Во посета на општина Сопиште

ДАТУМ

јануари 15, 2019

Категории

Во посета на општина Сопиште, Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион,  г-дин Љупчо Кец Мицковски оствари средба со Градоначалникот на општината г-дин Стефче Трпковски. Целта на состанокот беше соработката на центарот и општините. Предмет на дискусија беа и потребите на Општина Сопиште како дел од единиците на локалната самоуправа. Сопиште е една од руралните општини во Скопскиот регион и има потреби од секаков вид на проекти. Во изминатите години преку Центарот за развој на Скопски плански регион во партнерство со општината аплицирани се повеќе проекти. Повикот за прекугранична соработка со Република Србија е во исчекување, каде постои можност за соработка како партнери.

Центарот за развој на Скопски плански регион е носител на повеќе плански документи меѓу кои и  Програма за развој на Скопски плански регион 2015-2019,која оваа година ќе се ревидира. За таа цел Општина Сопиште како и останатите општини од Скопскиот регион се очекува да дадат голем придонес во обновувањето на истата која ќе биде во важност во периодот 2020-2024 год.

Престои работна година за Центарот за развој на Скопски плански регион согласно законските одредби, мерките и насоките за работа и сето тоа се разбира во корелација со општините и градот Скопје.

{gallery}novosti/2019/2019.01.17 2:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy