Skip to content

Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и г-ѓа Славица Јакимовска, Раководител на сектор за рамномерен регионален развој

ДАТУМ

јануари 14, 2019

Категории

Во просториите на Министертсвото за локална самоуправа  одржан е состанок со Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и г-ѓа Славица Јакимовска, Раководител на сектор за рамномерен регионален развој.

Политиката на рамномерниот регионален развој е систем на цели, инструменти и мерки насочени кон намалување на регионалните диспаритети и остварување на рамномерен и одржлив развој на Република Македонија. Преку процес на идентификација, поттикнување, управување и искористување на развојните потенцијали на планските региони и подрачјата со специфични развојни потреби, целта е да се обезбеди интегрален развој на државата и подигнување на квалитетот на живеење, со создавање на услови за воедначен пристап до јавните услуги. Согледувајќи ги придобивките од регионалната политика на Европската Унија, воспоставен е систем на мерки и инструменти, кој што кореспондира со европските стандарди и создава предуслови за поефикасно користење на средствата од фондовите на Унијата.

Во 2007 година е донесен Законот за рамномерен регионален развој, а во 2009 година и Стратегијата за регионален развој на Република Македонија. Со Законот, за потребите на планирањето на регионалниот развој и реализација на мерките и инструментите за негово поттикнување, воспоставени се 8 плански региони во Република Македонија: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски, како и 8 Центри за регионален развој. Имајќи ја во предвид потребата од статистичка основа при планирањето на нивниот развој, планските региони се совпаѓаат со статистичките, определени со номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-3.

Планските региони се разликуваат според нивните основни карактеристики. Најголемиот регион по површина, Пелагонискиот, има најголем број на населени места (343), но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители/km2 , додека најмалиот регион – Скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители/km2 и апсорбира повеќе од ¼ од вкупното население во земјата. Најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите.

Предмет на дискусија беа позитивните страни на регионите околу нашата земја и пошироко и нивниот систем на функционирање, придобивките од искористувањето на европските фондови.

{gallery}novosti/2019/2019.01.15 2:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy