Skip to content

Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и Раководителот на сектор за отпад, г-ѓа Aна Мазнева Каранфиловска

ДАТУМ

јануари 15, 2019

Категории

Одржан состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и Раководителот на сектор за отпад, г-ѓа Aна Мазнева Каранфиловска. Секторот за управување со отпад ги  остварува целите и приоритетите во делот на  отпадот, што произлегуваат од стратешките и плански документи, учествува во процесот на целосно транспонирање на правото на ЕУ во националното законодавство, но и на локалано ниво и обезбедува висок степен на интегрирано управување со отпадот во Република Македонија, истакна г-ѓа Каранфиловска.

Како дел од ИПА програмата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со планските региони во период 2015-2017 година го изработи проектот “Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”.

Во рамките на проектот изработени беа следниве документи:

  • Регионални планови за управување со отпад (РПУО) за секој регион
  • Извештај за Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) за  РПУО за секој регион
  • Студии за изводливост за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со цврст отпад за секој регион (СИУЦО)
  •  Анализи за трошоци и придобивки за СИУЦО за секој регион
  •  Оцена за влијанието врз животната средина  (ОВЖС) за СИУЦО за секој регион
  • Основен проект и проценка на трошоците за затворање, рехабилоитација и понатамошна грижа за нестандардни општински депонии и диви депонии и за изработка на избрани објекти за третман и отстранување на отпад за секој од регионите
  • Оцени на потребите, анализи на пазарот со процени од трошоците и Технички спецификации (ТС) за набавка на опрема за собирање и претовар на отпадот за секој регион и
  • Тендерска документација за сите договори за работа, односно за изградба на избрани објекти за третман и отстранување на отпад, како и за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа на нестандарни општински депонии и диви депонии за секој регион.

Целта на проектот беше постигнување на Интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во овие четири региони и за подобрување на животниоит стандард на приближно 1.200.000 жители кои моментално годишно произведуваат 330.000 тони отпад.

Во изминатиот период Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за животна средина и просторно планирање имаа прекрасна соработка, со надеж дека таа ќе продолжи со вложување за подобро утре од аспект на животната средина за граѓаните од Скопскиот регион и пошироко.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy