Skip to content

Нов проект на Центарот за развој на Скопскиот плански регион „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

ДАТУМ

јануари 16, 2019

Категории

Состанок: Розета Арсовска, Жаклина Цветковска 

Центарот за развој на Скопскиот плански регион ги започна подготовките за спроведување на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите за имплементација на регионални проекти, во насока на  искористување на средства од расположивите европски и меѓународни фондови, особено што со процесот на ЕУ интеграцијата на нашата земја, се очекува и нивниот обем значително да се зголеми.

Проектот предвидува дефинирање на проектни идеи, што ќе произлезат од општините и граѓаните на Скопскиот плански регион, односно ќе бидат препознаени како регионални приоритети преку партиципативно граѓанско учество. За таа цел ќе биде организиран Регионален форум во заедницата, на кој, преку форумски сесии, ќе се идентификуваат проблемите на граѓаните од регионот и за истите ќе се нудат најсоодветни решенија.Најквалитетните предлози ќе бидат развиени во предлог-концепти и предлог-проекти од кои ќе се избере најсоодветниот проект за имплементирање, а останатите во вид на препораки ќе бидат доставени до општините од Скопскиот плански регион и ќе служат како насока за идниот регионален економски развој.

Темите што ќе бидат во фокусот на вниманието се туризмот и туристичката инфраструктура, инфраструктура поврзана со бизнисот, заштита на животната средина и социјална инклузија, во согласност со Националната стратегија за регионален развој, програмата за развој на Скопскиот плански регион и други национални стратегии.

Вкупната грантова шема за сите осум плански региони изнесува 842.104 CHF, што ќе се распределат според степенот на развиеност на регионите, а од кои на Скопскиот плански регион отпаѓаат 60.631 CHF.

Многу важен аспект на целиот проект е што граѓаните од регионот ќе ја донесат одлуката кои се нивните најгорливи потреби и сами ќе ги изберат најприоритетните проекти преку Регионалниот форум во заедницата. Имено, форумскиот процес е модел на партиципативно учество на граѓаните во донесувањето на одлуки,со што стануваат активни и одговорни чинители во заедницата, а, истовремено, и регионалните и општински власти ја зголемуваат својата транспарентност и отчетност пред граѓаните. Потенцијални учесници се сите граѓани, општинската администрација, НВО, бизнис секторот, Советот на планскиот регион, градиначалниците, општинските совети и други.

За потребите на овој проект, во тек се подготвителни активности за форумскиот процес, кој треба да се реализира во текот на месец февруари годинава. Веќе е одржан и првиот работен состанок помеѓу претставниците на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и модераторот на форумскиот процес на кој се договорени насоките за успешна имплементација на сите проектни активности.

{gallery}novosti/2019/2019.01.17:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy