Skip to content

Во посета на Агенцијата за планирање на просторот, Рководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со директорот на агенцијата г-дин Огнен Апостолски и Раководителот на секторот за планирање на просторот г-ѓа Душица Трпевска

ДАТУМ

јануари 9, 2019

Категории

Во посета на Агенцијата за планирање на просторот, Рководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со директорот на агенцијата г-дин Огнен Апостолски и Раководителот на секторот за планирање на просторот г-ѓа Душица Трпевска. Целта на состанокот беше претставување на Центарот за развој на Скопски плански регион, неговите обврски према општините од Скопскиот регион и можноста за взаемна соработка.

Вниманието беше вперено кон просторните урбанистички планови и нивната примена, наспроти улогата и примената кај соседните држави и пошироко во Европа. Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат. Нивното донесување и спроведување е задолжително. Планирањето е континуиран процес на изработување, донесување и спроведување на просторни и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата но просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Законска обврска на секој плански регион е да изработи просторен план за регионот.

Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на повеќе плански документи меѓу кои се:

  • Стратегија за рамномерен регионален развој
  • Програма за развој на Скопски плански регион
  • Програма за развој и поддршка на приватен сектор на Скопски плански регион со Акциски и Комуникациски план
  • Регионална стратегија за иновации на Скопски плански регион,

во соработка со 17 (седумнаесет) општини, Градот Скопје и дел од министерствата на државно ниво,  отворени се за соработка и со Агенцијата за планирање на просторот во процесот на обнова на истите.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy