На ден 11.01.2019 година во просториите на Стопанската Комора на РМ, се одржа состанок помеѓу Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион, м-р Љупчо Кец Мицковски, Директорката на дирекција за други форми на организирање и работа при комората, Анета Трајковска и Координаторот на бизнис центарот при ЦРСПР, Викторија Митрикеска.
На средбата Раководителот, Љупчо Кец Мицковски ги претстави целите и активностите на центарот во насока на зајакнување на соработката со бизнис секторот и другите чинители. Согласно дискусијата, се изрази интерес за понатамошна соработка во рамките на политиките за поттикнување на инвеститори во Скопскиот регион ,како и подобрување на условите за работа на бизнис секторот,согласно нивните комуникации и активности кои ги имаат со општините од Скопскиот регион. За таа цел,се начна иницијатива за организирање на понатамошни меѓусебни тркалезни маси и дискусии кои се од интерес на чинителите од двете страни. Директорката, Анета Трајковска посочи на меѓусебно споделување на идеи за развојни проекти, каде што во рамките на истите би се зголемил опсегот на заеднички активности.
No comment yet, add your voice below!