Во посета на Агенцијата за планирање на просторот, Рководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со директорот на агенцијата г-дин Огнен Апостолски и Раководителот на секторот за планирање на просторот г-ѓа Душица Трпевска. Целта на состанокот беше претставување на Центарот за развој на Скопски плански регион, неговите обврски према општините од Скопскиот регион и можноста за взаемна соработка.
Вниманието беше вперено кон просторните урбанистички планови и нивната примена, наспроти улогата и примената кај соседните држави и пошироко во Европа. Просторниот план на Република Македонија и урбанистичките планови континуирано меѓу себе се усогласуваат и дополнуваат. Нивното донесување и спроведување е задолжително. Планирањето е континуиран процес на изработување, донесување и спроведување на просторни и урбанистички планови со цел да се обезбеди уредувањето и хуманизацијата но просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Законска обврска на секој плански регион е да изработи просторен план за регионот.
Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на повеќе плански документи меѓу кои се:
- Стратегија за рамномерен регионален развој
- Програма за развој на Скопски плански регион
- Програма за развој и поддршка на приватен сектор на Скопски плански регион со Акциски и Комуникациски план
- Регионална стратегија за иновации на Скопски плански регион,
во соработка со 17 (седумнаесет) општини, Градот Скопје и дел од министерствата на државно ниво, отворени се за соработка и со Агенцијата за планирање на просторот во процесот на обнова на истите.
No comment yet, add your voice below!