Раководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа куса средба со г-ѓа Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС. Средбата беше од информативне карактер, размена на информации поврзани со Центарот за развој на Скопски плански регион и ЗЕЛС како дел од локалната самоуправа на Република Македонија. Отворени за меѓусебна соработка преку зајакнување на општинското владеење, до силна локална самоуправа, допринос за посилна држава.
ЗЕЛС, ги обединува сите 80 општини во Република Македонија и Градот Скопје како нејзини членки, одлучно ги застапува интересите на единиците на локалната самоуправа пред централната власт, придонесува за развојот на локалната демократија и успешното спроведување на децентрализацијата на власта. Во иста насока од регионален карактер се раководи и Центарот за развој на Скопски плански регион кој ги застапува интересите на 17 (седумнаесет) општини и Градот Скопје.
Во периодот кој следи ЗЕЛС, како своевиден центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локаланта самоуправа, со цел што посуштинска реализација на стремежите и заложбите за подигнувањето на квалитетот на демократското остварување на процесите од локален карактер, ќе биде од огромно значење да се вклучи во реведирање на веќе постоечките програмии и стратегии кои ги работи Центарот за развој на Скопски плански регион и се во важност од 5 до 10 години.
{gallery}novosti/2019/2019.01.10:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!