Skip to content

Одржана X (десетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

декември 27, 2018

Категории

,

На ден 26.12.2018 година во просториите на Општина Гази Баба се одржа десеттата Седница на Советот за развој на Скопски пласки регион. На Седницата претседаваше Претседателот на Советот, Градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски.
На Седницата беа поканети и присуствуваа градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион  и претставници од општините. Присутните ги поздрави и направи краток осврт на точките од дневниот ред, Раководителот на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, г-дин Љупчо Кец Мицковски.
Седницата се одвиваше по дневниот ред:

  1. Усвојување на записникот од IX (деветтата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион
  2. Усвојување на предлог Финансиски план за 2019 год за тековно работење на ЦРСПР
  3. Усвојување на предлог Акционен план за реализација на Програмата за развој на СПР за 2019 год.
  4. Усвојување на предлог План за Јавни набавки за 2019 год.
  5. Разно

Присутните дискутираа и ги усвоија предложените годишни документи за работа на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Под точка Разно бешe презентиран и повикот за соработка со Република Србија , во рамките на програмата “Европа на граѓаните” отворен од Европска Унија за наредната 2019 година.
{gallery}novosti/2018/2018.12.27:::0:0{/gallery}
[foogallery id=”3418″]

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy