На 24 декември 2015 година Бизнис центарот при Скопски плански регион во соработка со економскиот оператот Гешталт Солушн од Штип во просториите на Мала конференциска сала на Скопски саем, I кат ја одржаа првата работилница наменета на микро, мали и средни претпријатија, општински претставници и сродни организации од Скопскиот плански регион – потенцијални членки на кластер (компании, општински организации, стопански комори, банкарски сектор, невладини организации, консултантски фирми итн.).
Настанот го отвори вработена во Центарот за развој на Скопскиот плански регион Г-ѓа Ирина Тростјанска, која во оваа прилика изјави:
„Поддршка за воспоставување и развој на кластерските здруженија е признаен како еден од катализаторите на конкурентноста и тоа е посебна област на индустриската политика. Добро развиена кластерска политика е моќна алатка за поттикнување на конкурентноста и просперитетот на регионот. Светските искуства покажуваат многу позитивни ефекти на кластерските здруженија за регионален економски развој и развој на одделни сектори, кои се базираат на соработка, размена на знаења, заедничко градење на стратегии за развој, промоција на извозот и слично. Бизнис центарот на Скопскиот регион ќе иницира создавање на најмалку еден кластер, што понатаму ќе бидат регистрирани во мрежата на регионални кластери.“
Работилницата ја водеше Г-Ѓа Николина Трајановска, Министесртво за Економија која меѓу другото зборуваше за функцијата на кластерите, придобивките од кластерското здружување и значењето на кластерите во развојот на регионалната економија во функција на изработка на „Студијата за идентификација и воспоставување на кластер за индустриското производство во Скопскиот плански регион и Акционен план за градење на капацитетите на членовите на индустриски кластери и воспоставување на функционална одржливост на индустриски кластер“.
{gallery}novosti/2015.12.25:::0:0{/gallery}
No comment yet, add your voice below!