Skip to content

Работилница на Тема: “Можности за развивање на КЛАСТЕРИ во Скопскиот плански регион”

ДАТУМ

декември 25, 2015

Категории

На 24 декември 2015 година Бизнис центарот при Скопски плански регион во соработка со економскиот оператот Гешталт Солушн од  Штип во просториите на Мала конференциска сала на Скопски саем, I кат ја одржаа првата работилница наменета на микро, мали и средни претпријатија, општински претставници и сродни организации од Скопскиот плански регион – потенцијални членки на кластер (компании, општински организации, стопански комори, банкарски сектор, невладини организации, консултантски фирми итн.).

Настанот го отвори вработена во Центарот за развој на Скопскиот плански регион Г-ѓа Ирина Тростјанска, која во оваа прилика изјави:

„Поддршка за воспоставување и развој на кластерските здруженија е признаен како еден од катализаторите на конкурентноста и тоа е посебна област на индустриската политика. Добро развиена кластерска политика е моќна алатка за поттикнување на конкурентноста и просперитетот на регионот. Светските искуства покажуваат многу позитивни ефекти на кластерските здруженија за регионален економски развој и развој на одделни сектори, кои се базираат на соработка, размена на знаења, заедничко градење на стратегии за развој, промоција на извозот и слично. Бизнис центарот на Скопскиот регион ќе иницира создавање на најмалку еден кластер, што понатаму ќе бидат регистрирани во мрежата на регионални кластери.“

Работилницата ја водеше Г-Ѓа Николина Трајановска, Министесртво за Економија која меѓу другото зборуваше за функцијата на кластерите, придобивките од кластерското здружување и значењето на кластерите во развојот на регионалната економија во функција на изработка на „Студијата за идентификација и воспоставување на кластер за индустриското производство во Скопскиот плански регион и Акционен план за градење на капацитетите на членовите на индустриски кластери и воспоставување на функционална одржливост на индустриски кластер“.

{gallery}novosti/2015.12.25:::0:0{/gallery}

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy