На ден 28.01.2015год во 11:00 часот Советот за развој на Скопски плански регион ја одржа својата VIII седница.
Главен фокус на седницата беше рагледување на предложената листа на проекти од регионален карактер за аплицирање на повикот: Шема за финансиска поддршка на трети лица (SFS) финансирано од ГИЗ РЕД и ЕУ за изработка на техничка документација. Земајќи ги во предвид висината финансиски средства и приориттеноста на проектите, градоначалниците едногласно се изјаснија дека Центарот за развој на Скопски плански регион треба да аплицира со следните два проекти: “Изработка на техничка документација за регулација на коритото на р.Лепенец” и “Изработка на Студија за валоризација наа Скопска Црна Гора”.
Исто така, на седницата беше усвоена и новата Програма на Скопскиот регион за периодот 2015-2019, како и Акциониот план за реализација на програмата за 2015 година.
[foogallery id=”5339″]
No comment yet, add your voice below!