На ден петок 28.02.2014 год. со почеток од 13ч.беше одржана V-тта седница на Советот за развој на Скопски плански регион на Скопски саем во Скопје. Со седницата раководеше председателот на Скопски плански регион и градоначалник на Општина Ѓорче Петров г-дин Сокол Митровски. На седницата присуствуваа и амбасадорот на Р.Бугарија во Р.Македонија г-дин Иван Петков, Зоре Темелковски, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска комора, Претставници на Македонско-Бугарска Стопанска комора; како и Претсавници од локалните самоуправи.
Петта редовна седница имаше 10 точки, а акцент се стави на една многу суштинска работа која е од големо значење за градот Скопје. Всушност, председателот на Скопски плански регион г-дин Сокол Митровски потпиша меморандум за разбирање и соработка со Македоснко-Бугарска Стопанска комора. Исто така истакна дека со потпишување на овој документ ќе се добие поинтезивна и поголема комуникација со што стопанските субјекти ќе имаат поголеми врати за инвестирање, нашите во Република Бугарија и нивните стопанственици во Република Македонија. Точките на седницата беа разгледани и разработени во најдобар ред. Во врска со третата точка од дневниот ред, Предлог одлука за избор на Претседател на меѓуопштинсиот одбор за управување со отпад во Скопскиот плански регион, Претседателот на Советот г-дин Сокол Митровски го предложи, а подоцна го назначи градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски, при што истакна дека ова би било најдобро решение поради успешното менаџирање на Градот со депонијата ,,Дрисла’’.
Седницата беше завршена со освојување на сите 10 точки од дневниот ред.
[foogallery id=”5379″]
No comment yet, add your voice below!