Skip to content

XX Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

ДАТУМ

февруари 21, 2013

Категории

На денешната 20-та Седница на Советот за развој на Скопски плански регион (20.02.2013), точки на дневен ред беа:

  1. Промоција на проектот: Мапирање на културното и природното наследство во Скопскиот плански регион;
  2. Усвојување на работниот и финансискиот извештај за 2012 година на Центарот за развој;
  3. Усвојување на Реализацијата на Програмата за развој на Скопски плански регион во 2012 година (реализирани проекти согласно програмата);
  4. Усвојување на Акциониот план за 2013 година (проекти кои се планираат да се реализираат во 2013 год. од регионален карактер).

На седницата, Претседателот на Скопски плански регион, Градоначалникот Сокол Митровски додели Благодарници на членовите на Советот-градоначалниците за големиот придонес во реализација на програмските активости, како и поддршка во остварување на целите за рамномерен региуонален развој на Скопски плански регион.

1) Промоција на Проектот: Културно и природно наследство во Скопскиот плански регион

Советот за развој на Скопскиот плански регион составен од градоначалници од 17 општини и Градот Скопје активно работи на создавање на предуслови за развој и промоција на природното и културно-историското наследство на територијата на сите општини кои влегуваат во состав на Скопскиот планскиот регион.

Имајќи ги во предвид природно-атрактивните, општествено-културните, комуникациско- сообраќајните, просторните и други услови со кои располага Скопскиот плански регион, постојат реални можности за успешен развој на туризмот како атрактивна стопанска гранка.

Главна цел на Скопскиот плански регион претставува зголемување на информираноста на странските и на домашните туристи за туристичкиот потенцијал со кој располага регионот. Ваквата состојба ја наложи потребата од мапирање на природното и културно-историското наследство во Скопскиот плански регион.

Со реализација на проектот, изработена е „Студијата за мапирање и промоција на природното и културно-исторското наследство во Скопскиот плански регион“, во која се вградени сите информации кои се однесуваат на 320 мапирани објекти од културно наследтсво и околу 20 знаменитости и предели од природно богатство. Студијата има намена за задоволување на културните, научните, едукативните, верските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и на општеството; а како крајна цел е пренесувањето на културното наследство на идните генерации.

Потоа, изработена е карта на Скопскиот регион со сите 17 општини од регионот, на која се обележани сите објекти, локалитети и знаменитости од културното и природното наследство.

Изработена е брошура со најзначајните објекти и локалитети од сите 17 општини, како и интерактивен веб портал (  http://tourism.skopjeregion.gov.mk  ) на кој можат да се добијатг сите информации за целокупното културно и природно наследтсво. На веб проталот претставено е културното и природното наследтсво за секоја општина поединечно.

Целокупниот промотивен материјал ќе биде достапен во ИНФО бирото за туризам на град Скопје (лоцирано во центарот на градот), во општините, како и во хотелите и туристичките агенции, се со цел зголемување на информативноста на посетителите.

Проектот е финансиран од страна на Владата на Р.М. согласно Програмата за регионален развој за 2011 година, како и од буџетот на Градот Скопје и Центарот за развој на Скопски плански регион. Проектот е реализиран во партнерство со сите 17 општини и Градот Скопје.

2) Работниот и финансискиот извештај за работата на Центарот за развој  беше едногласно усвоен од страна на членовите на советот, иако постојано и во минатата година сите одлуки за спроведување на активности беа верификувани за време на одржаните седници.
3) Извештајот за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион ги содржи проектите кои се реализирани во Скопски плански регион, а имаа регионално значење, како изградба на препунктни станици, локални патишта и пешачки и велосипедски патеки, изградба на пречистителни станици и водоводна мрежа, промоција на инвестициските и туристичките потенцијали во регионот и сл.
4) Усвоен беше и Акциониот план за имплементацијана проекти во 2013 година од регионален карактер. Проектите се фокусирани на подобрување на сообраќајните решенија во скопскиот регион, заштитата на животна средина, регионалното управување со отпад, уредување и чистење на речните корита, промоција и подршка на туризмот, и сл.

 

 

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy